Откако еднаш одамна, во 1802 година, тој, Ѓурчин Кокалески, познат мијачки сточар и трговец, почитуван дури и на дворот на Махмуд II во Константинопол, ја закупил заветрината од Акиноските, неговите потомци не престанаа да доаѓаат тука на зимување.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За ова нешто, што ги ставил и нив, жителите на Потковицата, во својата книга, војводите многу му беа благодарни на Ѓурчина и на неговите потомци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тоа бездруго силно ќе се одрази во неговиот живот и во животот посебно на првата генерација негови потомци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ниту неговите соборци, ниту неговите потомци, не можеа да ја продолжат големата борба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дали кај некој од неговите потомци овој потиснат сон ќе избувне, ќе наложи излез, тоа повеќе не беше во кругот на неговиот живот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа беше јасен показ од границата помеѓу животот и смртта за сите нас, неговите потомци дека најмногу се оставил во своите книги и неговото сигурно продолжување можеше сигурно најмногу да биде низ нив...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше сигурен дека тој тоа нема да го доживее, но во ракописот имаше аргументи дека неговите потомци ќе се ослободат конечно од изолацијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јас претпоставувам, сепак, дека можеби бил закопан на нивното семејно гробно место, но дека потоа, во истиот гроб, како што често и се прави, бил закопан некој од неговите потомци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таа не само што ги утврди котите на татковиот балкански егзил во своето време, туку одеше и подалеку, особено кога беа во прашање војната и мирот на Балканот, во стратегијата на преживувањето на семејството, на неговите потомци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Луѓето кои живеат и преживуваат во региони со граници помеѓу религии, идеологии, култури имаат многу повеќе потреба од другите да ги бараат патиштата на меѓусебното разбирање, толерантност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во себе длабоко жалеше што некоја генерација од неговите потомци можеби сигурно ќе настрада.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Можеби како Џингис Кан и неговите потомци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)