негов (прид.) - плач (имн.)

Во тој момент го слушнав избезумениот глас на татко ми: Христина, Ели! - и веднаш потоа неговиот плач. - Таткоо!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Овде ќе го спомнам и Денко Самоников, иако неговиот плач и избезуменоста на животните од месарницата не трпат никакви споредби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина неговиот плач беше изблик на една многу подлабока болка што не треба да се врзува дури ни со љубовта; тој крик беше објава на еден крај; на свршеток кој сам по себе беше премногу грд. Затоа и го отфрлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сакав ни да помислам дека може да се случи она што Денко Самоников го наговестуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некој веднаш ќе побрза да ме обвини дека суетата ја сметав за извор на неговата болка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)