И го направи, покрај сите попови настојувања работата да оди по неговиот план.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Татко беше изненаден од каде и како Чапаев беше навлегол во неговите планови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Напиша дека еден од неговите планови се темели на поклопувањето на звуковите: „Ако сакате граматичко правило: глаголот по својот звук се совпаѓа со субјектот: на пример, Le negre aigrit, les negresses aigrissent ou maigrissent, итн.“
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не сакав да го прашам какви се неговите планови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Татко во младоста бил распнуван помеѓу западниот предизвик кој завршуваше во неговите планови и илузии во Париз и источниот сон кој завршуваше во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога Гаврил ни го соопшти неговиот план за патување во Порто Рико, веднаш тоа ми асоцираше на една песна што ја имам слушнато во младоста "ај, ај, ај, јај, Puerto Rico"...
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кога се враќаше дома доцна навечер по веќе темните улици на градот, се чувствуваше како градот во кој живее да му е единствениот пријател и партнер во неговите планови за следниот ден, за кои секогаш размислуваше одејќи кон дома.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Авторите на Џумајската авантура, коишто дејствуваа од името на бугарската влада и бугарскиот дворец и кои што ја повторуваа 1895 година... и ги дадоа сите адути на турската влада, а потоа и на српската и на грчката, коишто секогаш гледале лакомо на Македонија, да мислат дека македонското население е просто орудие за спроведувањето на политиката на еден внатрешен државен актер и дека, следствено, треба да ги преземаат сите мерки за осуетување на неговите планови.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Треба да се има предвид дека настаните од 27 март биле, пред сè, морален удар за Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според неговите планови, Кралството Југославија требало да биде дел од Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ја имаше прочитано книгата Времето на козите и беше во тек со неговите планови за преведување на другите книги од сагата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
По таа причина Мехмед стана близок до Сулејмана и овој неколкупати му возложи токму нему да ги оствари тие негови планови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се оглушуваше на неговите планови да ги собере околу себе балканските држави, создавајќи Федерација, која подоцна полесно би ја покорил и завладеал.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Додека Бошко премираше од страв дотогаш Дико беше презадоволен од работата, зашто таков беше неговиот план: колку Бошко ќе биде поисплашен, толку тие со Лумана ќе можат да бараат повеќе од него.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но настаните не се одвиваа според неговиот план.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)