негов (прид.) - неутрален (имн.)

Џоан Крафорд сосема доминира со видното поле, а секој нејзин зрачец чувство – незаборавно забележан со беспрекорната глума, со мајсторското осветлување на нејзиното лице и на тој нејзин дивен тен и со сјајните камера и монтажа – веднаш и речовито му се телеграфира на гледачот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем за машката култура, вистинската политика на филмот лежи во неговата естетика: неговиот стил го надминува она што го пренесува неговата видлива порака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тргајќи ја настрана експлицитната содржина на филмот во прилог на неговата мелодраматична моќ и раскошниот црносериски [филмноаровски] стил, уживањето на кампот во него како да го оправдува тврдењето на Сузан Зонтаг за аполитичниот карактер на кампот, за неговото претпочитање на естетиката за сметка на политиката, за неговата неутралност „во однос на содржината“ и за неговиот „начин на гледање на светот како естетска појава“.268 ‌Токму ова воздигнување на убавината до степен на врховна вредност (не само убавината на Џоан Крафорд туку и убавината на беспрекорниот мелодраматичен и кинематографски стил) и оваа релативна рамнодушност кон политичките услови во кои се остварува естетското совршенство, ја ставиле машката геј-култура на лош глас – особено меѓу феминистите – дека има реакционерна политика, дека е непријателски устроена против жените, дека ги прифаќа угнетувачките општествени состојби, дека промовира митски, а не критички однос кон примените вредности и дека соработува со силите на општествена доминација. ‌Но, машката геј-култура многу-многу не ја секираат критичарите и не се срами од своите љубови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)