негов (прид.) - непријател (имн.)

Паца, очигледно, беше толку соживеана со својот шеф и неговата несреќна судбина што неговиот непријател беше исто толку емоционално и нејзин непријател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој никогаш нема да се согласи да му ја даде внука му на син од најголемиот негов непријател.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тие што не се со него, се против него и се негови непријатели што треба да се истребат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, дека Толета го прогласи султанот за негов непријател и нареди да се уништи со сета негова дружина, одредувајќи педесет лири бакшиш за неговата глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако ги изложивме двете спротиставени тврдења на мултикултурализмот и на неговите непријатели, сега мораме да ја расчистиме улогата на интелектуалците. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 11
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)