негов (прид.) - настојува (имн.)

За да се надмине настанатата ситуација, претседателот на САД, Ф.Д. Рузвелт, по консултациите со британските офицери, адмиралот Џон Х. Годфри и Вилијам Стивенсон, формирал нова организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јасно забележуваме како чувството на вина на шизофреничарот му стои на пат на неговото настојување да биде она што е.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Инаку, како можат да се сфатат неговите настојувања да се оневозможи дејноста на гемиџиите само во Солун, а не во цела Македонија?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, кога неговите настојувања останале без некој повидлив резултат, пролетта 1941 година тој изнел предлог традиционалните разузнавачки оддели при Владата и при војската да се реорганизираат така што да одговорат на предизвиците на нацијата и да се напушти практиката претседателот да интервенира во нивните меѓусебни недоразбирања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)