негов (прид.) - наклонет (имн.)

Таа телесна топлина ја гони неговата наклонетост за пијанство и наглост.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во животно-афирмативна смисла, Деридиното пишување е квазирелигиозно, факт што може да ја објасни неговата наклонетост кон Бенјамин/Хајдегер.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сепак, за да им даде на знаење на Акиноските да не полагаат премногу надеж во неговата наклонетост, а веруваше дека на тој начин пред своите високодостојници ќе ја нагласи и својата лукавост, Мустафа Челеби, преку разните свои собирачи на приходи, им порача да си знаат дека не ги потурчува не зашто не сака да го стори тоа, туку дека си има своја скришна сметка: ако ги преведе во ислам, ќе мора да им додели турски благороднички титули, а со нив да им ја остави на целосно уживање и Потковицата, или да им додели нов имот, а тоа, за него, ќе значи загуба на сигурни приходи, толку потребни лично нему, на Портата, и на војската, за честите воени походи во Европа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но и покрај неговата наклонетост кон Македонците сепак и самиот бил свесен дека обединувањето на Македонина е невозможно.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)