негов (прид.) - мудар (имн.)

И никој не се сомневаше во неговата мудрост и авторитет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако пак светлината бара прибежиште во тебе, можеби ќе ти дозволи да сознаеш дел од неговата мудрост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Никој не смее ни да помисли да противречи на неговата мудрост.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Иако Петар постојано го боцкаше, си помисли, дури и тогаш кога се чинеше дека го фали, со истата слаткоречивост поради која и себеси се сметаше за најмилиот меѓу еднаквите, дури и тогаш кога го нарекуваше „нашиот сакан брат Павле“ и кога зборуваше дека неговата мудрост доаѓа од Бога.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И пак ја видов; доаѓаше со влажни стомни и чекореше премногу исправена за товарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каде се изгубил тој Ферат-шеј? Го снемало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја снемало и неговата мудрост, неговата вечна готовност да му помогне дури и на песот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ревносните воени хроничари бележат со сигурност дека Лакхдар, претходејќи им на сините шлемови, со сигурност има заслуги во спасувањето на животите и домовите на милиони луѓе во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Генералниот секретар на ООН Кофи Анан на крајот на кариерата на својот специјален пратеник му ја изрече во лично и во име на светската организација длабоката благодарност за неговата храброст во решавачки и пресудни моменти, за неговата мудрост и преданост во историските мисии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)