негов (прид.) - моќ (имн.)

Бог, се разбира, можел да постапи како сака, тоа е во неговата моќ, и не знам дали заради тоа може да му се оспорува добронамерноста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко ми, пак, се трудеше колку што беше во негова моќ да и пружи подобар живот кај нас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој го достигна идеалот на арогантните моќници: да биде неомилен, а несменлив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неговата моќ беше на врвот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Водачот знае дека неговата моќ не е демократски пренесена врз него туку е насилно освоена и нему исто така му е јасно дека неговата снага произлегува од слабоста на масите; тие се толку слаби што им треба водач.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сакав да му се допаднат моите текстови, да ја оживеат неговата моќ за читање, како форма на живот, како будење на животот во Татко над кој, верно, на свој начин, бдееше Мајка, но и сето семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ја зазема женственоста како заменски идентитет за геј-мажите, машката геј-култура ја разобличува и ја онеприродува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Третирајќи ги женствените идентитети како улоги наместо како суштини, како општествени изведби наместо како природни состојби, геј-културата им ги загрозува достоинственоста и легитимитетот и, со тоа, им го слабее правото од нас да изискуваат верба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исходот, кој можеби не е секогаш намерен и посакуван, е експлозија на тој културен симболизам – поткопување на неговата моќ и на неговиот авторитет, нагризување на неговата тржествена угледност и подривање на неговата наводна разумност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа се бори против културниот симболизам на женственоста така што ги увеличува нејзините апсурдности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А што се однесува до големите судбински нужности, против нив ништо не се може; тој ќе се научи покорно да ги поднесува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Почнувајќи од претпотопските денови, науката го научила на многу нешта, и неговата моќ уште повеќе ќе се зголеми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што се однесува до Дедо Мраз, во тоа време ние децата го сакавме како што и денешниве, но малку верувавме во неговата моќ, всушност, во тоа дека може да ни ги оствари желбите што први ќе ни паднеа на ум или што ги влечкавме преку целата година.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чашата тешко вино, која Рада ја пиеше голтка по голтка, како да сакаше да ја почувствува неговата моќ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со употребата исчезнува и неговата моќ.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
(...) Но, иако цврсто тврдејќи дека „како човек и граѓанин, поетот ќе ја сака својата татковина, но дека татковината на неговата моќ и на поетскиот чин се Доброто, Благородното, Убавото, кои не се поврзани со ниту една покраина, ниту со една посебна земја, и дека она со што се занимава поетот се наоѓа и обликува без некои специјални закони и е непредвидливо“, Гете сепак се разликува од класичните слуги на Доброто, Благородното и Убавото: етничката група за него не беше само случаен туку творечки елемент на постоењето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го сакаше поради неговата Моќ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа по што човештвото се разликува од животните е неговата моќ да создаде систем на звучни знаци кои ги претставуваат не само неговите чувства и идеите за надворешниот свет туку и неговиот внатрешен свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој бран останува човека за сите векови, се колнам. Во што беше таа негова моќ? многу непреспани ноќи, многу тешки денови ми донесоа само еден одговор, се колнам, тоа беше неговата човечка добрина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таговите имале култ на стапот, боздоганот, и безгранична вера во неговата моќ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во прифаќањето на поп-сликарот, во време на површност, механика и шарени амбалажи, се состои неговата моќ и значење на таа уметност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја чекаше другата страна на неговата моќ...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Неговата придружба, која беше историја за себе, со амбиции да му се додвори на таткото на нацијата, симулирајќи ја неговата моќ и луцидност, ја играше вистинската улога на комедијата на апсурдот. Кралот Иби, од истоимената фарса на Алфред Жари можеше да му позавиди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, останав верен на неговите илузии, го множев хаосот на неговите книги, без да ја откријам неговата моќ на катарзичното читање, на распоредот на книгите, со кои како низ скалила стигнуваше до далечните светови, некои блиски, други далечни, но и до трансцедентните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шефот никој никогаш не можеше да го види, но неговата моќ ја чувствувавме со неудобност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веруваше во неговата моќ, во неговата љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А којзнае, можеби и самиот наеднаш се виде престрашен од својата моќ бидејќи изгледа сфати дека покрај другото таа негова моќ за жал ги скусува и посаскуваните вињаци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ќе речам веднаш: знаев зошто Господ Саздов не ми се допаѓа но не знаев зошто не го мразам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дојденците Срби во Македонија, кои се колнеа во својот крал славејќи ја долговечноста и неограниченоста на неговата моќ, ги имаше многу малку.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа, големите слики на истиот тој крал што се продаваа по книжарите, со слични но и со поуверливи пораки, беа многу поефтини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Александар беше дарежлив со растењето на неговата моќ растеше и дарежливоста!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Њујорк себеси си ја прикажува, со неверојатно соучесништво на севкупното население, претставата на својата пропаст, и тоа не е последица на декаденцијата туку на неговата моќ, која ништо друго не ја загрозува - затоа* што ништо не ја загрозува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сепак е јасно дека Риверс поседува креативно јадро, и дека неговите неуспеси најчесто се резултат на первертирањето на неговата моќ и неспособноста константно да остане во контакт со своето влијание. желбата за признание и награда без сомнение е пречка во развојот на Риверс а неговиот нагон да живее и работи со полна брзина, понекогаш го попречува а понекогаш го свртува неговиот пат од талентиран но дезориентиран почетник, кон значаен оригинален мајстор на модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но никогаш во својата кариера која сега веќе опфаќа четириесет години, овој уметник не ги маскирал своите намери и не нѐ мамел во врска со својата мотивација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговата неприкосновена искреност, за добро и за зло, го покрива целото негово дело и ги прави достоинствени дури и неговите најголеми гафови. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 235 Риверс никогаш не е помалку од потполно вклучен во задачата што си ја поставил: да го украси своето доделено место во историјата на уметноста со толку многу незауздано изобилство колку што самиот може да поднесе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Риверс е роден во 1923 година, во Бронкс, Њујорк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку што беше во негова моќ се трудеше да им се допадне на своите гости.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)