Но, сега, посилно од обично, надвладуваше источниот, цариградскиот сон на неговата младост...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
XLIV Татко не можеше ниту во најоптимистичките варијанти да поверува дека трагањето по османотурцизмите со веќе изветвена конотација, посебно заемката кадија, со сите изведенки толку силно ќе го разбрануваат неговото сеќавање на минатото, одамна заклучено длабоко во себеси и што беше најнеобично првите зборови кои започна да ги разгледува најсилно го осветлуваа и го будеа неговото цариградско време збиднато меѓу 1919 и 1914 година, токму во цутот на неговата младост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тој миг повторно пред нејзе стоеше верната копија на Томо од неговата младост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Напротив, ѝ импонираше неговата младост. И не само младоста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Цариград на неговата младост, напати го гледаше како голема рака подадена од европскиот кон азискиот дел, сета блесната со алемкамени, а напати како толерантно цивилизациско средиште во кое се спротивставуваа, но и се почитуваа, западната и источната култура, како и муслиманската, христијанската и хебрејската традиција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И во наредните педесет години од балканската историја на неговиот живот, вешто го криеше цариградското време, средбата со Ататурк, херојското време на неговата младост.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од неговата младост остана само густината на тие клепки, сега слаби и изморени за да се држат високо над очите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
13. ЗАМИНУВАЊЕТО Е ЖАЛОСТ, ДОАЃАЊЕТО Е РАДОСТ - го знае тоа младичот кому здравјето му пука: часовникот во слепоокото на неговата младост полноќното дванаесет со изгрејсонце го чука...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Дојди, ќе се напиеме ракија. - Ќе се напиеме. И не заборавај: оџакот навистина испукал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа луѓето со завист го гледале пресреќниот Доце Срменков кога отишол да се проубави со чиста кошула позната по многуте везови од дните на неговата младост кога Фиданка Кукникова се тркалала со своите врснички в прав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас и без да знам бев реализирал еден напуштен сон од неговата младост, студирајќи француски јазик и книжевност во Скопје, во Загреб и на крајот во Париз.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во пепелта врз страниците на некогашните таткови најконцентрирани читања, патот водеше кон Цариград, град на неговата младост, но и на неговите големи илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Денот, мерен на неговиот златен кантар, почна да натежнува врз неговата младост.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како да се гледам себеси во неговата младост. Еееех...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Жал ми е за неговата младост, но уште повеќе ми е жал ако ти си го потрошиш животот на духовни истражувања без желба за сопствен пород и искуството на мајчинството, што е една од најголемите радости на жената.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Цариградската ѕвезда на неговата младост и илузиите да го покрене семејството кон исток, гаснеше полека во времето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во неговата осаменост се населија две живи суштества што го потсетија на неговата младост.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Стрина ми Добрила, некогашна аматерска актерка, ни раскажуваше згоди од неговата младост подобро и од најдобрата професионална актерка, и ние западнавме во неконтролирано масовно смеење до плачење.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)