негов (прид.) - минување (имн.)

Во овој наш век нема ништо полековито од времето, од неговото минување, чиј што тек, со една прекрасна точност, длаби корито за секого од нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа, пуста улица, црвен автомобил што ненајдено се појавува и минува, бучејќи како побудален, а човекот седнат на тротоарот го следи неговото минување, спокојно повлекувајќи уште еден чад.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Но патот до Рубикон беше тежок, а неговото минување вистинска мистерија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)