На свој нејасен начин Емплфорт му беше приврзан на Винстон и сигурно ќе седнеше на неговата маса, само ако го здогледаше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му се појави носталгична слика, на неговата маса во аголот, со весникот и со шаховската табла и со непресушениот џин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој дозволи да поодминат, како што мислеше, десет минути, измачуван за тоа време од страв дека некоја случајност - ненадеен провев што би дувнал преку неговата маса, на пример - може да го издаде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден русокос млад човек со глупаво лице, по име Вилшер, кого одвај го познаваше, го повикуваше со насмевка да седне на слободниот стол на неговата маса.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа ги одвитка и ги закачи заедно четирите мали ролнички хартија што веќе беа испаднале од пневматичната цевка од десната страна на неговата маса.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Шаховската табла секогаш го чекаше, неговата маса во аголот беше секогаш резервирана; дури и кога местото беше полно, тој седеше сам покрај неа, затоа што никој не сакаше да биде виден како седи блиску до него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
КУРТА: И утре ќе има ноќ!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Го донесуваат до неговата маса.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Весниците што стоеја на неговата маса, под очилата, тоа лето добија жолто-сива боја, како бастросан тутун, а од првите есенски дождови накиснаа и се распарчија, и во мали делови се лизнаа по влажниот плочник, а потоа се изгубија надолу, завлечени во брзакот на реката.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Пациентите на лекарот мораа да се стуткаат додека минуваа низ тесниот премин кон аголот каде што се наоѓаше неговата маса, а до неа и сплесканата софа за преглед прекриена со кожа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Поседете ако сакате“, му рече Петра доаѓајќи до неговата маса и потпирајќи се со левата рака врз навлаката на столот, веројатно да ја намали оптовареноста од едната нога.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Веројатно нема да го излажат Ралфи Фаца, но можеби ќе ме донесат поблиску до неговата маса.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Бев уверен дека сето тоа го прави без систем бидејќи на неговата маса владееше вистински наос.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се сетив и на оној син коверт што го бараше цели пет минути во текот на нашиот разговор префрлајќи некои списи од рака в рака, само за да ми го покажал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Го замолив за дозвола да седнам на неговата маса.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Напати, кога ќе го огрееше милосливата ѕвезда, ќе ѝ дозволеше на руменото Розе да седне на неговата маса.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)