Сѐ, го чу хирургот од себе. Сѐ: облаци, камен, жени. Сѐ повтори неговиот крик. Сѐ, сѐ, сѐ...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На оваа точка подоцна Август Рицман ќе крикне во воздух, подоцна ќе се лизне од жицата и ќе знае, иако нема да види, дека сета публика ќе го прифати неговиот крик, дека сиот циркус ќе стане само крик и ништо друго.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но неговиот крик неочекувано се изостри, доби во височина, се изви и се провлече меѓу телата на Азра и Лилица, а потоа одеднаш го снема, секна некаде меѓу неговите заби кои длабоко загризаа во левата слабина на една од жените.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)