При сосем редуциран материјал, во завршница на дами, неговиот коњ (тој игра со црни фигури) е врзан и сведен до бедната улога на пион зад кој се затскрива кралот, опасно угрозен на ха-7, додека белиот лауфер може широко да се рашетува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А позитивецот е секогаш сам... нему никој не му треба освен неговиот коњ - и барската дама, којашто најдобро го разбира!“
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Еден добар број од неговите коњи биле полудиви, распуштени по падините на Сината Планина, така што одвај дел од нив можел да користи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И, како по правило, на стотина метри од главната плажа, детето ќе го свртеше својот коњ во морето и набргу меѓу брановите ќе можеа да се видат само две глави: црната на детето и белата на неговиот коњ.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Дури и за свитканиот на две Дане Шарлаганџијата, или поточно за неговиот коњ што ја движеше пресата за цедење шарлаган.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
62. Најдобриот начин некој да успее во качувањето на брегот е да биде рицар во полн оклоп - таков што од ударите на копитата на неговиот коњ врз падините на брегот молскаат искри.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Јас го прашувам за неговиот коњ, а тој вели:"Добро е дека токму тоа ме прашуваш Васј.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јас сум Козак, а срамно е Козак да помине низ својот живот само на еден коњ.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа беше неговиот коњ.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Втората: „На трката во Олимпија победил неговиот коњ!“
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И, како по правило, на стотина метри од главната плажа, детето ќе го свртеше својот коњ во морето и набргу меѓу брановите ќе можеа да се видат само две глави: црната на детето и белата на неговиот коњ.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Беше убаво, чисто утро со весело ветре. По патот пристигаше докторот со неговиот коњ и кочијата. Застана пред куќата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)