негов (прид.) - колиба (имн.)

Стариот Рафаиле, секогаш кога војводите ќе се задржеа подолго во неговата колиба, покрај со ракијата и прочуеното галичко сирење, потуркувајќи ги цепениците кон кај разгореното во огништето, ги почестуваше и со песната за Ѓурчина Кокалески: Посилил се црна Арапина, посилил се низ Солунско Поле, - како тешка могла низ полето така тешка мока на народот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И го направи. Го обеси на дабот пред неговата колиба Петка Ромков што отиде во Раково, газејќи ја Толевата пресуда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не само за такви големи работи Толе судеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Пишува ли, пишува“ - си помисли, па се упати преку ридот, по една патека што навлегуваше во висок папрат и водеше во Длабок Дол, од каде веќе не се гледаше неговата колиба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас сè растоварив, а тој гледа во мене со оние зелени очи, веѓите му се наежиле, би рекол ќе те лапне.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога стражарите ја пребарале неговата колиба, не нашле ништо, и го ослободиле бедникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неговата колипка беше од груб камен и покриена со шевар, а овде, додека се приближуваше до бегот, бос, газеше по скапи персиски килими што го покриваа душемето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Селим, Циганот, кој на својот коњ му ги пренесе неговите работи од Вишеград и беше единствениот човек кој влегуваше во неговата колиба, седеше по дуќаните и раскажуваше, којзнае по кој пат, сè што знаеше за странецот. – Асли, тој и не е човек како другите луѓе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)