— Офна силно и се спружи на неговите колена на грб; со рацете му го стисна вратот и му се заѕвери во очите, небарем ете сега ќе и го грабне некој и таа за секогаш ќе се лиши од она без кое не може да живее.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас сакам до тебе, до тебе да умра — ја навали главата на неговите колена и ги затвори очите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И сосема будалесто му реков на дедо: - Ајде, дедо, раскажувај за Детроит - замолив и се наместив на неговото колено.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И чудно убаво се чувствував на неговото колено.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Одвај се оцртуваа неговите колена, подвиткани на сламарникот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И додека не успеваше ни да си поверува во таа своја мисла, неговото тело наеднаш се најде опсукано и цврсто стегнато во змискиот допир на онаа незаборавна слика кога забот просвире за влакно веднаш над неговото колено, и сиот се изви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На ниската масичка пред неговите колена имаше само еден преполн пепелник и едно преполовено пивско шише.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Знаеш дека помислив оти нема да дојдеш - се зарадува Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На превртената гајба до неговите колена беше поставен шахот во очекување на првиот партнер.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потоа ја префрли едната нога на другото негово колено и, не тргајќи го погледот од него, почна да ја исправа главата како да го прашува дали да му скокне во скутот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)