Повремено ќе се пипнеше овде онде, за да се увери дека не си замислува само дека неговите мускули стануваат позаоблени, а неговата кожа позатегната.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа сака да го извлече него од под неговата кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој сака да се вовре под нејзината кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Измореноста се пробиваше низ неговата кожа и пушташе непријатни мириси од време на време и секогаш кога му се чинеше дека ја гледа како се лизга оддалеку, танка, нечујна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Еден од нив, аптекар во куси пиџами со многу разнобојни риги, се сети чувствувајќи дека гласот морничаво му пробива низ сета негова кожа: „Како в штала“ , па по него се сеќаваа и двајцата скарани: „Коњ! `Рзнува во број 8. Кај оној со избричено теме.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Си велев во себе: "Да не сум во неговата кожа, низ што сè не поминува овие неколку години, а и самата помисла дека има рак, да живее со тоа оптоварен, згора на сè доктор и јасни му се работите".
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
По неговата кожа се лизга темен шум. Тапо шушка болка во три пршлени.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
По неговата кожа течеше темниот шепот на летото за умирање.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Потоа преку тие облаци надојде ледено море и помина преку него оставајќи зад себе студена влага врз неговата кожа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја слушаше повторно далечната тажаленка на волчото завивање во ноќта и во она, што го чувствуваше притоа, со некакви сосема ситни мравки на морниците по сета негова кожа, што се пронесуваше како лазење од секој близок лелек на гладот, тој го најде првиот допир со својот гостин.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина се сетила дека некој едноок дедо на тој втор Онисифор живеел во пештера со косместа мечка, скотски се врзал за неа, за нејзиното живо месо што копнеело по свој род и пород - на мажјакот пред тоа му ги издупиле градите со копја, да легне послана неговата кожа под миндерот на некој турски стрелец и имотник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се топев. Се обидував да мрдам со прстите во опинците, да дишам, да барам дамка на парчето дневна месечина, да си докажувам дека сум жив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Небото се иссипаничави, на неговата кожа стежнуваа многу такви парчиња месечина, потоа се движеа свијокливо, се прогонеа меѓу себе и прскаа кога ќе се допреа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На речиси комичен начин во интервјуто тоа го кажува и самиот Висковиќ потсетувајќи нè на познатиот факт дека Ласиќ мошне често ја пројоцира сопствената личност во опусот на Крлежа, односно конкретно: “Крлежа требал да го направи она што тој (Ласиќ) би го направил да бил во неговата кожа”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)