Всушност, едниот брат рано заминал во Америка и никогаш се вратил, другиот го отруле во Кавадарци, зашто не сакал да ја даде мајка ми за некој кафеанџија, па во неговата кафеана, божем на грешка, го отруле и умрел во болница во Скопје.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
На тој начин, си го наплаќал долгот што македонската емиграција го оставала во неговата кафеана.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Гости имаше и по сепарињата. Многумина од нив дури и за првпат ги гледав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Веројатно се досети и ти. Прославата што Иван Степанович ја приреди по повод раѓањето на својот единствен син се одржа на долниот кат од неговата кафеана.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Неговото кафене беше единствено собиралиште, и додека едни пиеја кафе или ракија, други играа комар, а во преградата од десната страна тој ги сечеше четките на селаните или им ги светнуваше еднаш во неделата лицата стругајќи им ја брадата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)