По тие два дена, одново се сретнавме. Сега тука, во неговата канцеларија, беше дојден и вториот човек на партијата на власт. Седевме тројцата и пиевме кафе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа од улица можеше да се види по тоа дали прозорците од неговата канцеларија се осветлени или не.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас можеби и ќе му кажев, ама мене тогаш во очите ми навреа солзи и за да не ме види, јас речиси излетав од неговата канцеларија надвор од ходникот“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Со негова помош јас изјавата ја напишав во неговата канцеларија и потоа ја поднесов во архивата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Некаде околу пладне, на три дена пред крајот на учебната година, на половина од часот по математика, ме повика директорот во неговата канцеларија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се гледаше дека газда Таки се грижеше за атмосферата во неговата канцеларија, местото каде што ги примаше своите клиенти или соработници.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Од своја страна, и новиот Заеднички генералштаб (Joint Chiefs of staff - JCS) во почетокот го споделувал истото чувство на недоверба спрема Донован, бидејќи бил надворешно граѓанско лице, а не претставник од војската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Несомнено, харизматичниот Донован и неговата канцеларија, со буџет од десет милиона долари и со 600 службеници, биле причина за непријателство од страна на ФБИ, Г-2 и од други воени разузнавачки служби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како Шарло во црно-белите филмови, додека рамката на фотографијата се затвора во кружен црн ирис... „Се вика Дитер Вислицени и има чин на капетан”, го известуваат првиот меѓу рабините и предводникот на солунската еврејска заедницата во неговата канцеларија, „и тука пристигна на 6. февруари.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нив ги слуша еднаш во месецот, неа, преку отежнатата, воено одржувана телефонија во неговата канцеларија – секој втор ден.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се надевам дека тоа е доволен аргумент за да Ви одземам малку од скапоценото време”, ведро коментираше владиката и зачекори преку прагот на неговата канцеларија. Тој коментар беше доволен Беренц да ја симне службената резервираност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беренц се фати за футролата и правејќи неколку заканувачки чекори кон градоначалникот, го извади пиштолот од неа, го откочи и ја притисна цевката на главата на Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Само една мала рапавост што ненадејно се појави во неговиот глас можеше, додуша на попроникливиот одошто тоа беше Паул Беренц, да му укаже за внатрешната сеизмика што во неговата канцеларија длабоко го тресеше Карер. „Немаш список на твоите Евреи?!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Навистина убаво зборувате германски”, не се воздржа Беренц од искрениот комплимент. „Морам да го оправдам моето црковно име.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Веројатно мисли на случајот со Пеперутката, она кога таа само со три чекори успеа да ја претрча неговата канцеларија а потоа и да доползи како мачка до отвореното окно над големиот прозорец заграден со решетки и оттаму да пласне на бетонската патека покрај бараката на дирекцијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нели, многу интересна коинциденција.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Замислете си: таа доаѓаше низ коридорот можеби откај канцеларијата на Грофот а јас бев упатен кон неговата канцеларија!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Ќе ја видам кога ќе дојдам со нејзините Густави,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Сакате сега да ја видите Клара?,“ ме праша доктор Гете, кога влегов во неговата канцеларија во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беа последните зборови на Јаким Ниновски, во неговата канцеларија оној понеделник кој за жал во бележникот на секретарката Ботка веќе не постоеше. Беше изчезнат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)