Фимка ги запамти и овие негови кажувања: - Ако бомбата пукне до тебе, тогаш - крст, ако бурето со оган што паѓа од небо, падне до тебе, тогаш - пепел.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Гледаше дека има логика и вистина во неговото кажување, кога ќе промислеше и од неговиот балкански агол на гледање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во овие обележја, според неговото кажување, се темелеше неговиот идентитет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Чувствувајќи дека се оддалечил од темата на сиџилите, и гледајќи ме мене, внесен во неговото кажување, Татко продолжи: - Доколку историјата лаже, сине, а таа најчесто лаже,победничка е секогаш лагата, но тогаш не лажат сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Дека неговото кажување е провокација.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Круме зборуваше со мек, кадифен глас, но неговото кажување беше кратко и строго прецизно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Му се восхитував на сонот на Амин Малуф, како на сорствен сон на Балканот:
Го сонувам денот кога ќе можам целиот Блиски Исток да го викам Татковина, како што тоа сега ми се Либан, Франција, Европа; да ги викам земјаци сите нивни жители: муслимани, рисјани, Евреи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)