Десетмина „Маасови” агенти кои секогаш го следат ќе се соберат околу автомобилот како мравки; „Маасовиот” сигуроносен апарат ќе се стврдне околу точката на неговото исчезнување како епоксидна смола.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Крај брегот на Охридското Езеро, во Струга, многу години по неговото исчезнување, како да го доживеав второто татково постоење, запрено во неговите книги.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Историјата не престануваше да ми нуди нови примери. Можеби уште поуверливи од татковото време...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше сигурно дека бев наследил дел од татковата тишина која подоцна ја откривав меѓу редовите на неговите дамна читани книги, во дамките разлеана пепел од тутунот на занесните читања како негово живо присуство, многу години по неговото исчезнување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да беше Арафат во договор со Бога кој дотогаш му го штитеше животот во ситуации кога секој друг би загинал, а на крајот ќе ја заштити и Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од татковите книги, кои неколку години по неговото исчезнување ги зедов со себе на брегот на Езерото, при првото прелистување, ми проблесна наследената метафора, како некаков продолжителен мит во потрага по полнотата на изгубениот континуитет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во неговите книги и ракописи, осудени да бидат закопани во заборавот на времето во некој подрум или таван, го откривав кодот на неговата судбина, смислата на неговите книги, да го спасува семејството...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бевме едновремено и свесни дека со неговото исчезнување можеше да исчезне и самата идеја за Палестина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со неговото исчезнување се сотре и семејството.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Мајките го споредуваа со Бога, ние со Сталина, се разбира скришум, мислејќи дека по неговото исчезнување од сликите со Тито, ќе мораме да си имаме друг Сталин.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ќе исчезнеше наеднаш, и за чудо, неговото исчезнување секој ќе го забележеше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Беше јасно дека храбриот биолог се доближуваше до другата слаба точка на Проектот: слевањето нова река во Езерото, чии последици, според категоричното тврдење на Цветан Горски, можеа да доведат, првин, до разнебитување на идентитетот и интегритетот на живите суштества во Езерото, а во еден подолг период и до самото негово исчезнување, колку и да беше тоа длабоко.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кон разврската што ја навести Игор Лозински, во ноќта, пред неговото исчезнување.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)