Неговите иследници не беа повеќе оние разбојници во црни униформи, туку партиски интелектуалци, мали тркалезни луѓе со вешти движења и со блескави очила, кои работеа на него во смени што траеја - не беше сигурен, но претпоставуваше - по десет или дванаесет часови без прекин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговиот дух се грчеше во школката на материјата и молеше, неговиот иследник биеше-одговори, постави дијагноза на својата болест, распори се сам со скалпел како што е распорен човекот на Рембрантовата слика.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Знаењето сега, моментите на искушение ги прави понижувачки и пеколно неиздржливи, како што, некогаш, моментите на напредок во кариерата му ги правеше исполнети со самозадоволство и потем со блаженост. „Значи, да видиме”, започнува секогаш исто неговиот иследник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Добро. Бев уапсен на 17 мај оваа, 1941 година од страна на Гестапо во Атина...“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)