негов (прид.) - интернација (имн.)

„Можеби”, си рече, „зашто идејата на пеколот постои секаде освен во јудаизмот”, иако и стварноста, не само апокалиптичниот сон го враќаше на идејата на пеколот.  „Можеби пеколот е еден голем карцер во кој се останува до крајот на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гита Коец едновремено го жалеше (жив ли е? каде ли е? како му е?) и го прекоруваше својот маж и во лепливите летни, и во прозрачните есенски, и во овие пусти зимски солунски мугри што се редеа во нејзините бдеења додека ја исчекуваше завршницата со неговата интернација. Ќе го види ли повторно?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пишувањето на романот Балканвавилонци не можеше да се замисли без повеќегодишното консултирање на фундаменталните лексикографски дела на угледните балкански автори како што се Речникот на ориентализмите во албанскиот јазик (околу 4 500 зборови со турско, арапско и персиско потекло) на лексикографот Тахир Н. Диздари, започнат да се пишува за време на неговата интернација во Италија во 1940 година (преиздаден во Тирана во 2005 г.: Tahir N. Dizdari, Fjalor i orientalizmave ngjuhn shqipe, Instituti shqiptari mendimit dhe qytetrimit islame, Tiran, 2006), драгоцениот речник на турцизмите во српскохрватскиот јазик (на Абдулах Шкаљиќ (Abdulah Skaljic, Turcizmi u srpskohrvatskom jeziku, Svjetlost, Sarajevo, 1966) драгоцената монографија, работена со високи научни дострели на академик Оливера Јашар-Настева, Турските елементи во македонскиот јазик, (како посебно издание на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков, Скопје 2001), реткиот и драгоцен труд, докторската дисертација на Харалампие Поленковиќ, бранета во 1939 година под менторство на проф.Петар Скок, Турските елементи во ароманскиот јазик (со компаративен лексички приказ на сите заемки во балканските јазици објавена од МАНУ, 2007 година).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Авторот имаше чест да ги познава академик Оливера Јашар-Настева и академик Харалампие Поленаковиќ овие две маркантни личности да дели незаборавни моменти со нив, да им се восхитува на нивната ерудиција, мултиетничка и мултикултурна проникнатост не само во балканскиот јазичен сојуз туку и на неговото разгранување во сите други сфери на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се моли во ќелијата, се моли да престане и проклетството на оваа негова интернација, но и тој грозен сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А сѐ можеше да биде поинаку.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)