На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Меѓу другото, тие ќе заклучат дека "партизанска Југославија сосема јасно ги постави неуништивите основи на идната федеративна Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во Судот, на негова иницијатива, беа избрани за редовни судии и уште тројца предвоени адвокати кои, според логиката на професијата, бранеле прогонувани припадници на партизанското движење.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Националниот комитет на ослободувањето на Југославија мора да се обиде не само да ги ослободи на одделните единици сите оние работи од внатрешната управа кои влегуваат во рамките на таа единица туку Комитетот треба да им помогне на единиците со негова иницијатива и со организациони совети".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)