Добра ноќ, изговараат по него главите на сојовите кои живеат и работат кај него, на неговиот имот, и поздравувајќи се меѓу себе и со Васила Митрески, тој останува пред Северна порта за да ја затвори, си одат дома си, капнат а и од умор и јадосани.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Најлесно ги купуваше оние парчиња што остануваа осамени некаде во средината на брегот како мали оази, пусти островчиња заградени наоколу сè со имотот на Профим, кој не им даваше пат, не им дозволуваше да газат преку неговиот имот; таквото заробување им го правеше на оние сопственици кои за инает не сакаа да му го продадат својот имотец што Профим, купувајќи ги другите соседни парчиња околу него, му ја стегаше јамката на тоа делче од брегот, и кога сопственикот ќе се најдеше како опашан со змија - ќе попуштеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А неговиот имот би прехранил половина село.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кога ќе ми наидат ваквите размисли секогаш пред очи ми излегува сенката на дед Павел, застанат на чардакот на неговиот имот во Горни Балван.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Онаа непрекината поврзаност на неговиот поглед со погледите на луѓето од Новодеревјановское, или уште подалеку, и тоа преку ѕвездата што ја беше избрал за своето дружење со нив.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Штом некој нема да си го плати данокот, тој ќе го фати и ќе го тепа се додека овој кутриот не му ветел неколку дена работа на неговиот имот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Присилно извршување не може да се спроведе на недвижниот и подвижниот имот на синдикатот кој е неопходен за одржување состаноци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако сторената штета е од поголема вредност – сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој што, застапувајќи ги имотните интереси на некое лице или грижејќи се за неговиот имот, нема да ја исполни својата должност или ќе ги злоупотреби дадените овластувања со намера да прибави имотна корист или да го оштети лицето чии имотни интереси ги застапува или за чиј имот се грижи – ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако, пак, сторената штета надминува значителна вредност – сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако синдикатот престане да дејствува со неговиот имот се постапува на начин и под услови коишто се пропишани со статутот (чл. 194, ЗРО). 4. Во случајов станува збор за т.н. постулациона способност – тоа е капацитетот на парнично-способната странка во постапката пред судот сама да ги презема процесните дејствија, во правно-релевантна изразна форма, без посредство на други лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)