И самиот негов израз на вечна добрина, беше поинаков.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го забележав неговиот израз на лицето, знаев дека е среќен што ме гледа. Постојано ме снимаше со апаратот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Индивидуалните уметнички дела треба да го надмавнат Volksgeist- от, а не да бидат негов израз.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не можеше да се каже дека ѓаволчето се смее, иако имаше видлива веселост, дури озареност во неговиот израз, како да е восхитено од она што го гледа.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, срцето престануваше да ѝ чука кога ќе помислеше на неговиот израз во очите, на лицето, сега пред малку...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да не заборавам да спомнам дека воспоставениот ред е негов израз. На Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го употреби вчера, како коментар на оној мој предлог, мајка ми да ја погребеме ние двајцата со две-три момчиња што ќе ни помогнат да ја качиме на ридон.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Некој таков расчекор помеѓу чувството и неговиот израз, ако не се препознае иронично, создава трагична возвишеност што се лепи за главните наративи за машкиот генерациски судир во европската култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, ќе ја загубат целата делотворност и ќе престанат да функционираат: веќе нема да можат да служат за испреплетување на луѓето во мрежа од општествени размени, ниту сега ниту во иднина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ахил се помирува со несомерливиот јаз меѓу чувството и неговиот израз дури при својата последна средба со Пријам, кој му дава пример како да живее со него – како да го пополни истиот тој јаз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Откажувајќи се од секаков обид да го искаже она што навистина го чувствува кон Ахила, Пријам, несебично решен да си го откупи од Ахила трупот на мртвиот син, Хектор, му ги бакнува рацете на оној што му ги убил децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Речиси неизбежно има некој елемент на претераност или неавтентичност, па дури и на травестија во искажувањето на која било велика страст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Би се рекло дури и дека она што ја прави страста велика, она што ги преувеличува емоциите од кои се состои, е токму свеста дека е невозможно тие да се искажат транспарентно – и следователната потреба да се најде начин да им се даде лик што ќе ги задоволи критериумите за претставување што ги налага нивната великост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Хомеровата Илијада, на пример, кога Агамемнон го навредува Ахила лишувајќи го од воената пленица, токму Ахиловото одрекување на секаква возможност да го преведе сопственото чувство на лична болка и јавна повреда во соодветен општествен израз го наведува на трагичната одлука подоцна да ја одбие Агамемноновата понуда за надомест – и, заедно со неа, валидноста на сите симболични општествени форми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговиот став е повеќе креационистички отколку анти-интелектуалистички; тој сонува за тоа, како што, се чини, сугерира расказот „Ја гледаш ли месечината?“, одново да го создаде светот - па дури и неговиот израз да мора да биде сведен на реченица, којашто е „човечка творба, не баш она што го посакувавме, се разбира, но сепак човекова конструкција, структура што треба да се цени поради нејзината кревкост, наспроти цврстината на каменот“. ***
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
На ранчот Алтито имаше премногу луѓе, премногу врева, караници, соперништво, бунтови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Крунисано така, четириножното животно со долга муцка изгледаше уште подантеовски, и, судејќи според неговиот израз, се чинеше дека мисли на Беатриче. Сем јаваше право, колку што дозволуваше топографијата, до ранчот за овци на стариот Елисон.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Татко не крена рака и тогаш на мене, но неговиот израз на вџашеност ме следеше во текот на целиот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, од неговиот израз, не можеше да го забележи спокојот и задоволството на пристанот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но после многу години на борба со проблемот како точно тоа да се стори, Витгенштајн дошол до заклучокот дека врската меѓу реалниот свет и неговиот израз во јазикот не може да се „искаже“ со јазик: таа може само да се „покаже“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)