негов (прид.) - идеја (имн.)

Арена ги вклучува и двата мали купа од тенки правоаголни плочи изработени од: филц, восок, железо и бакар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Изгледаше дека кога станал утрото, добил некоја идеја, а остатокот од денот го поминуваше развивајќи ја - тогаш, на пример, застануваше по еден час и штом пак почнуваше да говори, тоа сигурно беше додаток на развојот на неговата идеја или нејзино расветлување од некоја друга страна, секако, без оглед што сте зборувале во меѓувреме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговиот начин на размислување беше крајно систематичен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во една прочуена акција од 1972, кога инсталацијата се појави во галеријата на Лучио Амелио, Бојс помина осум часа испружен на подот стрпливо триејќи ги овие плочи со масло, за да ја драматизира неговата идеја за скулптурата како „батерија” која акумулира енергија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А сега, ете ги на дело, толку убаво искажани, неговите идеи...  Реб Апфелблум топло го погледна својот поранешен ученик.  „Биди внимателен, намерата ти е возвишена, нема Јехудим на светот што со неа нема да се согласи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И му го даде својот благослов.  „Колку беше во право старецот”, си мисли сега Корец, насмевнувајќи се на тие најубави мигови од неговиот живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Всушност, може да кажеме дека Хундертвасеровата употреба на боите во сликарството е блиска на Јозеф Бојс (Josef Beuys) и неговите идеи околу социјалната пластика, употребата на „топли“, природни материјали (маст, кожа, смола итн.), а во архитектурата на Гауди (Gaudy). 130 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Најоригинална затоа што зазеленувањето на ѕидовите и тревнатите кровови биле познати и пред него, но неговата идеја за стебла кои растат од прозорот е без конкуренција во досегашната историја на архитектурата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во неговата внатрешна тишина, долго време зрееја неговите идеи, вистинските зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нема ништо од неговата идеја за обнова на животот, доцна дојдена и пуста останала.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мислам на оној мој совет во кој ја бев спомнал иницијативата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но покрај ова што ти го кажувам и што не може да се протолкува на повеќе начини, кажав и уште нешто за кое подоцна бев спремен да се посомневам дека ако не ги поттикнува намерите тогаш може да се сфати како подршка на неговата идеја, која за жал постоела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Дури и во случаите кога ќе се земат предвид сите околности, многу често не се постигнува посакуваната цел“ додадов, за да го намалам учинокот на она што можеше да се сфати како насрчување а ми се беше лизнало од јазикот онака, сосема случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност бев рекол дека секоја иницијатива е в ред но под услов да не се пречекоруваат границите на разумноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
2. Приговори кои произлегуваат од погрешното разбирање на природата на функционирањето на компјутерите и на теоремата на Gödel Многу коментатори на AI малку се разбираат во компјутерските науки. Ry- chlack е доволно чесен во воведот на AIHR да ни каже дека неговите идеи за компјутерите биле повеќе изведени од играње со сортери на бушени картички и од детски пластични модели отколку од било каква техничка едукација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Климент Камилски го зазеде своето место на чардакот спроти Татко, опколен од книги седна како некогаш крај својата катедра по педагогија која поради неговите идеи му беше одземена, па беше испратен во злогласниот затвор на Голи Оток во Јадранското Море.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова беше последниот обид на Татко, пред почнувањето на потрагата по опасните турцизми да го одврати Климент Камилски од неговата идеја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фаик Коница имаше голем број европски пријатели, големи ерудити и познавачи на Балканот, на народите и јазиците, кои го почитуваа и беа готови да ги бранат неговите идеи во полемиката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обележан од краткото, но значајно пријателство со Игора Лозински, Татко не престана да се среќава со Цветан Горски, кој водеше своја битка во тешките времиња, за да го сочува споменот на Игора Лозински, да го отвори неговиот музеј, да се бори за животот на неговите идеи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако дознае дека некој друг имал некаква негова идеја пред неговата да се експонира, тој во главата или некаде на хартија забележува да не го продолжува тој план.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што е добро познато, Витгенштајн, во својата расправа за значењето на крај доаѓа до сосема истиот став како И Дерида: излегува дека неговите идеи се неизразливи самите од себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Парадоксите на самореферентноста Што треба да се прави во оваа ситуација?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Денешната уметност веќе нема што да каже.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Започнав правејќи споредба помеѓу Дерида И Витгенштајн од Tractatus-от.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои од делата кои беа во Oliverstone, сега се инсталирани во Kunsthaus на начин на кој Бојс го сакаше тоа во Rivoli.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вториот е да ги прифати последиците, колку и да се погубни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако му се посочи некоја книга за која има причина да помисли дека е занимлива, тој ја набавува и ја чита (Витгенштајн, Набоков, МекЛуан).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сегашната топикалност на Бојсовсата скулптура нѐ доведува до сегашноста преку неговата идеја за социјална скулптура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зголемената комуникација, учество и рационална критичка дебата за вредностите и нормите кога се прави реконструкција на општеството Хабермас ги смета за лек против „патологиите на животниот свет“. 102 Simone Chambers, “The Politics of Critical Theory” in The Cam- bridge Companion to Critical Theory, ed. Fred Rush (Cambridge: Cambridge University Press, 2004), 232. 103 Stiven Best Daglas Kelner, Postmoderna teorija (Skopje: Kultura, 1996), 340. 90 Хабермасовата мошне влијателна дисекција на капиталистичката модерна во процесот на нејзина транзиција од либерален капитализам кон социјална држава може да се проблематизира на повеќе основи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мао Це Тунг има идеја за постепено издигнување на она што е прифатливо за народот, така што примарната рамнина преминува во секундарната, па во терцијарната, ако се прифати неговата идеја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Веднаш го поддржав во неговите идеи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Затоа, запознај ги нашите другари со ставот на нашиот МТРК и шири ја неговата идеја...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ама, одлуката што ќе сторам и како, ја одложив за подоцна, откако ќе подразмислам малку.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега и тој ме прекорува што не им кажав за велосипедот, а тоа беше негова идеја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еве, тебе те чекам – ми текна да го излажам во моментот, оти се сетив на неговата идеја за велосипедот и оти ми рече дека ќе ме земе со него да му го покажам местото во паркот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е фер, навистина не е фер!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што има ти мене да ме чекаш? – грубо ми возврати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само што не сум сигурна дали неговата идеја е баш паметна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)