негов (прид.) - заслуга (имн.)

И тука сте претерале: негова заслуга, па негова заслуга!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А бе, не е тој Партијата, па с да биде негова заслуга.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не сте морале да ја пренагласувате неговата улога, на пример, во пасусот: Негова заслуга е повлекувањето и зачувувањето на целокупната ориентална документација од Битола, која денес се чува во Државната архива на НР Македонија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Фан Ноли не беше светец, имаше и тој свои грешки, но ние не можеме да ја прифатиме неговата верска определба и покрај сите негови заслуги како државник, писател и преведувач! – продолжи А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Поради некои негови заслуги – рогови што никој од присутните не ги знае, но со тоа што му доделува ваков трофеј се знае дека е во прашање голема подлост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Отец Стефан полека се приземјуваше; жилата веќе не му чукаше како ровја на вратот, и почна полека да го обзема блаженство, оти стануваше збор за неговите заслуги.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене: Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Орелот е поголем од мене, - мудро одговорил жеравот. – Но лебот не е пронајден со негова заслуга.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А тие, колку и тој да се мачел, не ќе можеле да му ја одгатнат душата натопена со горчливост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се подмлади ли пред нив со раскажување за Негушкото востание од кое, и со негова заслуга, се тргнала од слатка дремка султанската земја во која везирите и пашите, не само Лобуд и Јанински туку и сите други што не ги знаеле, помодрувале?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господ наш Исус Христос се гледа и секому ќе му даде според неговите заслуги.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како да беше негова заслуга што некоја од тие роспии во една вечер ќе примела и ќе испратела по петмина или по седуммина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)