негов (прид.) - заминување (имн.)

По неговото заминување, повторно навасаа мрачни времиња на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
алфред хичкок (втор дел) Распространето е мислењето на критиката дека Хичкоковото „зрело доба” му припаѓа на англискиот период, дека почна со Човекот што премногу знаеше (1934), а заврши со Госпоѓата што исчезнува (1938) - значи, пред самото негово заминување во Америка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се прашувам и ден-денес.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како ја мина границата Гури Порадеци, во времето на неговото заминување, можеше некако да се замисли, но подоцна ни тоа не беше можно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но градот беше, пред неговото заминување, како и пред неговото пристигнување, ако не и како за време на неговото присуство, редок како и обично.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јас сум последниот што бев со Големиот Мајстор пред неговото заминување од Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Па, сепак, во тоа што Јанечските го кажуваа за Бошета и за ајдутинот само донекаде можеше да се верува, само дотолку што навистина Боше нивни беше заминат од Потковицата, што навистина, себап со неговото заминување, Тахир бег Јаузоски се стори со царски коњ, и што навистина едно чупале, дотогаш ни видено ниту чуено, преку ноќ се најде и остана да живее кај Јанчевци и во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Собата на брат ми остана празна по неговото заминување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)