Тишината остануваше последниот круг на неговиот егзил.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Судбината сакаше таа да заврши на последната точка на неговиот егзил!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Конечно неговата последна крива се најде на завршната точка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXIII Не затворај ја вратата Не губи се во заборав... Махмуд Дарвиш Во моите дипломатски години во Картагина, како амбасадор во државата Палестина, како и во Тунис, беа од посебно значење во формирањето на претставата за Палестина, за нејзината борба за признавање и независност, за нејзиното движење на чело со Јасер Арафат, за личноста, животот и поезијата на Махмуд Дарвиш, овековечени со нашата прва средба во Струга, во август 1978 година, а потоа и со нашето долговечно и ненаметливо пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
При првата средба во Струга, со доверлива искреност, која мигум се воспоставува, сведочеше за неговиот егзил, за првите минати години во Галилеја, за трагичната 1948 година, кога по нападот на Израел, ќе го доживее крајот на рајот на детството и ќе започне неговиот егзил, кој ќе трае до крајот на неговиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На Игора Лозински му извишија и паметник, со птица камена со скршено крило, што потсетуваше на неговиот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Лакот на неговиот егзил од Балтичкото Море, до ова Езеро на јужниот Балкан, беше голем и преполн со неизвесности и стапици, помеѓу животот и смртта.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Макар што Татко во тие времиња започнаа нови маки да го мачат, кога се всади сталинизмот во неговата родна земја, а и во земјата на егзилот кои ги делеше навидум отворената и братска граница, не попадна во стапицата на брзото враќање, неговиот егзил имаше длабоки корени.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Стратегијата на неговиот егзил го учеше постојано да го избегнува враќањето на почетното, на претходното место, секогаш одеше во правецот на антивраќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)