Тој ме научи да правам чуда.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Откако му свирнаа глогов кол во срце неговиот дух и понатаму телепатски комуницира со мене.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Вљубеноста му одговараше најмногу на неговиот дух, нужна за него како погодна температура за некои растенија што само при неа можат да вегетираат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Беше сигурно дека најмногу од неговиот дух, од неговата душа, остана во сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но на питомината на неговиот дух, на благата енергичност, не можеше ништо да влијае.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога Енеј, основачот на Рим, го пренесува Паладиум, срцето на градот, воден од идеалната слика за населба на иднината, тогаш трудот на неговиот дух и вдахновеноста на умот се мерка на идеалната урбофилија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Филозофот гледаше замислено во мене, како низ мене да гледа, и рече: „Книгите се бездни; кога читаш, секој чита на онаа длабочина или височина до која се кренал неговиот дух.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можно е отец Мида да го прочитал само она што неговиот дух го видел во записот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Секогаш го издавало токму телото, овој оклоп околу неговиот дух сочинет од коски, крв и од месо, потсетувајќи го во миговите на страдание дека материјалното е исто толку дел од него колку и духовното.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Влезе во огнот, а неговиот дух беше премногу нужен за силни пламтења.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се смееја. Ме присилуваа да заборавам дека човековата сила е во големина на неговиот дух.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Човек можеше да биде татко на телото од својот син, но тоа не значи исто така дека е и татко на неговиот дух.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Арно ама, ако мамичка му даде чорба побрзо, тоа веќе нема да му пречи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го пуштивме коњот да трча колку што сака.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Глувото чмаење во кое со години тонеше неговиот дух, го растера оваа блага светлина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да не е болен? – Клотилдина се осмели да го праша нежно од врата, кога по вторпат дотрча со ламбата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И му се стори небаре светлината од некоја далечна зора навлегува во ноќта на неговиот дух.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со тоа разликување меѓу националната и човечката култура Ренан премолчено се повикува на Гете, па неговиот дух му го спротивставува на погледот на светот што го востоличува германскиот национализам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Потоа, отпоздравувајќи има на познатите што ќе влезеа во кафеаната, безгласно, само со положена дланка на гради, не толку со занес колку со внимавање да биде разбран и наполно јасен почнуваше да раскажува. Не можев да не поверувам дека неговиот дух не се војва низ минатото, меѓу човечките крводелци и недоразбирање од стојбиштето на неверојатното што сѐ повеќе се сокрива под превез со боја на латици од крваригин цвет; раскажува а ти навлегуваш во зона на мистерија во која се испреплетуваат љубов и омраза, тие моќни чинители на човечките драми и балканските игри низ векови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се смееја. Ме присилуваа да заборавам дека човековата сила е во големината на Неговиот дух.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Едно време во домот, многумина се посомневаа во неговиот човечки пород, ги исплаши неговиот дух (иако најжестоко се проповедаше против религијата), - некои, сепак, се посомневаа во него, можеби тој беше плод на нечистиот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Неговиот дух се грчеше во школката на материјата и молеше, неговиот иследник биеше-одговори, постави дијагноза на својата болест, распори се сам со скалпел како што е распорен човекот на Рембрантовата слика.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Зашто сите тастери на неговиот дух оттчукуваа кратки вести СОС еден живот е во опасност СОС помош СОС живот СОС смрт. * Свилениот плач на дождот, Марија, густ е и неподнослив.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беа сигурни дека неговиот дух беше со нив.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со залезот на сталинизмот од езерската земја, по историскиот судир помеѓу Тито и Сталин, нѐ зајде и неговиот дух.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како што беше немоќна да проникне во тајната на неговото тело, така и неговиот дух му припаѓаше на воздухот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
-11.12.1965), а потоа праша дали би сакал да напишам текст за каталогот, додавајќи “Вашиот текст ќе биде атрактивен како, да речеме, Поддршката на Џеклин Кенеди на градоначалникот Линдзи”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Го печатеше Галеријата Бонино, со фотографии на Пајковиот Робот К-456 и неговите електронски промени на ТВ-сликата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа мисла ми беше малку непријатна, но беше во негов дух.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)