негов (прид.) - другар (имн.)

Во следната Хала, Херман и неговите другари завршиле со пакувањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како што спласнува музиката, луѓето на платформите почнуваат да скокаат горе-долу засилувајќи го својот ритам така што тоа звучи многу слично на она што трештеше од звучниците цела ноќ. И луѓето долу пак играат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На прозорецот стоеше еден негов другар од неговиот клас.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дај ми некоја книга за читање! - молеше другарот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Расправаше дека работел четири години во Франција и затоа во селото го викале „Франче“, а така го викаа и неговите другари во купето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лајпциг е познат и по Лајпцишкиот процес против Георги Димиторв и неговите другари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но баш таа мисла го свестува, и му станува јасно: ова го имаат скроено Гога и неговиот другар, ја наговориле да се нашегуваат страшно со него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Знаеше само дека стои на раскрсница. „Два пата, два пата!“ По едниот замина неговиот другар од детинството.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
При Толета во „Михајлово“ спротив Рожден дојдоа бившите негови другари: Ризо, Петко и Ристе и му го доведоа убавото Проќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рече само за крв, та каква крв — човечка или биволска, коњска — ништо понатаму не објасни и остана затворен спрема сите негови другари во кулушот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гробовите беа добри метеризи, но не за востаниците, како што беше во нивниот план, ами за аскерот. Се заврза борбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Курирот му донесе извештај каде и кога да се сретнат војводите и да се изврши спојувањето на двете чети. Поправо да се прибере Толе со неговите другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Брниклијата ја виде клопката и летна надолу низ аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како бре, јузбаши ефенди, како немало причини за зулуми? — се изненади бимбашијата на ваквиот рапорт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже нешто. Не заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ах, анани!... ах аврадини...! се провикнаа неговите другари и го напуштија постот, бегајќи кон црквата за да му се придружат на Расимчауш зад црквеното кале.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земјата оцрне, Брле и неговите другари мораа да ги пуштаат овците и говедата на паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Околу огновите, испотени, шеткаа десетина необични луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но ниту Велјан, ниту пак друг од неговите другари мрдна погоре од Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Прилеп, на анот кај Саботка, им даде вечера на сите негови другари, а на Проќа и накупи секакви подаррци, и ја испрати да си оди со селаните, откако и вети дека по некоја и друга недела ќе си дојде и тој на работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ТИТО вети дкеа ќе им даде на АПОСТОЛСКИ повторувам АПОСТОЛСКИ и на неговите другари содржајна директива во однос на овој предмет и јас сум заинтересиран да разберам дали подобрувањето кое ти веќе си го забележал се остварува“.301 Меѓутоа, веднаш по оваа информација Милер ќе го извести Force 399 дека Тито го известил “Апостолски дека ИСЛД е британска воена мисија и ќе останат во Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Кај си бе Трпе, се ожени и си еба мајката - му довика неговиот другар Климе, кој со останатите соселани кркаа контаминирана салама и пиеја пиво пред селската кооперација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Двете овчарчиња беа негови другари и од училиште, и од игрите в село, а се среќаваа и во планината, иако не толку често, зашто нивните колиби беа далеку, повеќе од еден час машко одење кон југ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само Иле Вегов за цркалата што сите негови другари ги кинеа од каучукот на прозорците на колата ни малу не се заинтересира.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И уште неговите другари не се прибраа од неочекуваниот напад а веќе Андон и Паљо дотрчаа до нив удирајќи околку себе со раце и со нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ете, тоа објаснува зошто на кампот му е работа да го спушта секого, особено секого чиј стремеж кон гламурозност може да ги угнетува неговите другари што немале толку среќа, како што е самиот камп.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Улогата на кампот е да го разбие издишаното, свечено, здодевно еднолично обожавање на убавината, да им овозможи на геј-мажите кои ја посакуваат и ѝ се восхитуваат на убавината да се поттргнат иронично од својата неиронична посветеност на неа, да ја погледнат од гледиштето на постколонијалната разочараност наместо од гледиштето на исчекувачката возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Потоа, продолжи Вера, - таа му раскажала за другарувањето со неговата другарка и за тоа колку им било тешко да се разделат кога решиле да одат, во различни средни училишта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Му се гадеше од немаштијата на која никој од нив не беше навикнат – во џебот немаше ебен динар кога неговите другари од бендот го викнаа да дојде со нив во Берлин.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Разуларената склоност кон фабулирање кое сега веќе не е ни логично ни метафорично, а за симболика и да не зборуваме, токму на северот на Европа води кон едно лудо храбро фантазирање, па и во круговите на граверите, столарите, златарите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Квргавите орнаменти ги нарекуваат: “најновиот чуден начин” на Кристоф Јамницер, а таква е сосема разуларената орнаментика на Флиндт и неговите другари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Малку се смири кога го здогледа матичарот, кој беше негов другар од гимназиските денови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Писмото, во писмо беше адресирано на адресата на неговиот другар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зошто неговите другари го отстрануваат оттаму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од црвената длабочина изронуваат неговите другари огорчени, згрозени, непомирливи: „Ја исполнивме обврската! А ти?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се отвори пердето, за момент во чудо ме погледна, се сврте кон неговиот другар и воедно негов колега, и ми рече: „Отворете уста“, а мене ми беше јасно дека, ако јас сум шерет, тој е барем 10 пати пошерет од мене затоа што едно тенко црево со камерче кое го извлече од една лигава вода во кофа, која толку многу ме потсетуваше на тенџерето на мајка ми (спомен од Соко Бања, со точки), заврши во моето грло и надолу, сѐ до желудникот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зашто сите негови другари му пуштаат yahoo-greetings.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
(15) Не потекнува ли тагата на младиот човек, кој разбрал дека еталон метарот ја загубил својата моќ да ги мери раздалечините од онаа сосема космичка меланхолија типична за fin-de-siecle и која ќе ја најдеме и во една песна на Laforgue со наслов Тажачката на времето и неговиот другар простор?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Персоналот, гледајќи ја таа негова блискост со неа, се чудеа и му завидуваа, а особено Којо Пипиле, неговиот другар од детството кој повеќе време е во Пансионот од него, а не успеал ни насмевка да размени со неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На сликата се гледа зградата на Кучешкиот пансион, слична на хотел, пред која е застанат Богдан; за ремник држи куче; крај него е неговиот другар Којо Пипиле кој му помогна да се вработи во Пансионот по доаѓањето од Чехословачка; и тој држи куче за ремник; над влезната врата, зад нив, е фирмата „Кучешки пансион” на која има нацртано глава од куче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Средбата со мртвиот Рацин, кога пролетта на 1945 -та неговите другари и соборци го носеа од Бистра и Лопушник, од Кичево, од Гоствар, од Тетово и Скопје во неговиот роден град и во неговиот вечен дом на Велешкиот рид.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
- рекоа луѓето. XXV Кога телеграмата стигна во интернатот со која му јавуваа на Богуле дека татко му е умрен, тој се наоѓаше во болница; неколку дена пред тоа го сонуваше оној ист сон: како вулканот пак избувнал, како го затрупува селото кое е празно и во кое само татко му е останат; скокаше од креветот и викаше по татка си да бега; викањето негово пак ги будеше неговите другари во спалната, го фаќаа и не му даваа да излегува надвор; му плиснуваа вода в лице и го разбудуваа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Крвта зовре во сите девет души. Се наведе стариот и му стори грб на еден од неговите другари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стојан се насмеа слатко кога стрина му Митра му рече дека неговиот другар Крсте се жени и дека треба и тој да бара чупе да се жени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Спроти избивањето на пожарот, во манастирот дошол Али-бег, сопственик на чивлизите во селото Езерец, со неколку негови другари да го проведе денот во манастирот, како што тоа почесто го правел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По него се населил и неговиот другар дури од детството - дедо Ицко.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еден по еден ме напуштаа. Тетка Боса во минатата година побарала да ѝ издадат виза за да замине за Виена. Но ја одбиле.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Првиот што ме напушти како што знаеш беше лично мојот Благоја, кој откако се прикажа мртов херој го избра заминувањето како единствено решение, а по него еден по еден му се придружуваа сите негови другари од борбата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во писмото таа ми пишуваше којзнае по кој пат за талкањата на братучедот Благоја, кој, барем според нејзините приказни, сега се наоѓал во далечните светски метрополи а дека неговите другари за жал станале и премногу алергични на оваа приказна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој и неговиот другар немаат земено никакви писма и документи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За што и кому требаше да му послужи ваквото објаснување на неговиот другар секретарот Јаким ако М. Ѓурев не престојуваше спомнатиот понеделник во таа проклета канцеларија на Јаким и ако не ја видеше белезицата на раката на Ботка и ако не беше поведен разговор за таа скапоценост?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да им ја бришеш правта од сенките? - го гледаше строго дури и непријателски неговиот другар секретар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но Димче не му поверува. Имаше нешто тажно во гласот на неговиот другар.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но и покрај нејзиното молчење, мајка ѝ проговори: - Мислам дека треба да го пуштиме врапчето кај неговите другари.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- А што стана со Високиот? - праша Јован. - Удри со главата на карпата, а неговиот другар падна под предното тркало на камионот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На Нумо длабоко му го отвори своето срце и му се чинеше дека беше единствениот човек со кого можеше и имаше за што да разговора.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Кире погледна во очите на Пандо и не забележа изненадување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А за Бисокиот и неговиот другар си слушнал?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога камионите ги снемуваше, тој се навалуваше на каменот и гледаше во небото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Сполај ти, Кире. А од каде ти е - Војнички.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стопанот, кај кого работел, бил некој добар човек и извадил петолирка, им ја дал на неговите другари за да го гледаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога беше помал, на родендените што ги славеше, мајка му му правеше торта, и тогаш Огнен леташе од радост и постојано околку тортата се вркаше: за миг ќе го излапаше парчето што мајка му ќе му го отсече, а ги собираше и парчињата што ќе преостанеа од неговите другари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, тој не плачеше само поради жената што ја уби, туку и поради идните жртви што очекуваше да ги предизвикаат неговите другари кои сè уште ја немаа изгубено навиката да му се радуваат на снегот на стариот добар начин.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Враќањето на Захаријадис чиниш ги окрили надежите на борците на отпорот и небаре зацрта нови патишта за партијата, за новите борби и надежи, зашто и за време на окупацијата неговите другари, комунистите и борците на отпорот, го опеаја големиот водач: То будруми ден тон лига И скепци ту февги горга Стус синдрофус пу полемун...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас ги премерував од глава до петици тие негови другари и никако не ми влегуваше во глава како можеле да бркаат непријатели по планините, како ги затворале и испитувале злосторниците, како пукале од пиштоли, а толку мирно и безопасно изгледаат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа се кажувањата на соборецот на Еда Бранов од Битола и негов другар од младоста, од времето после неговото другарување со Никола Талевски, на Митко Кривашија, веројатно Влав кој на партизаните им се приклучи во времето кога и Сврделот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стомачето ги дал клучевите на неговите другари и додека тој бил во болница поради заушките, тие тука си правеле журки и забави до раните утрински часови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Гледајќи така и смеејќи се како божем збунето и наивно, ме пресече стимулативното прашање на еден од неговите другари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За да ја терам играта до крај, му кажав дека Елентина ми рекла за неговите другарки дека сите се курви и дека треба да се пазам од нив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Додека го немаше Стомачето, другата, Елентина почна да ми раскажува како една од неговите другарки се пуштала на нејзиниот бивш дечко пред нејзините очи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Затоа неговите другари во Солун ги презеле сите мерки, евентуално ако биде фатен, тие на солунската железничка станица сосила да го ослободат од рацете на полицијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гласовите дека Гарванов е жртва на гемиџиско предавство зеле особено замав во времето на судењето на Гарванов и на неговите другари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На Евангелидис му рекол дека “стоката“ е на Организацијата, дека Орце и неговите другари се луѓе на Организацијата и според тоа било потребно динамитот, штом ќе го извлече од царинарницата, да го предаде во Деде-Агач на лице посочено од него, од Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Властите, коишто и без тоа се сомневале во него и во неговите другари дека се членови на Организацијата, без двоумење можеле да го искористат тој факт и да го прогласат за член на Гемиџискиот кружок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, затоа пак, сето тоа би било далеку од Гарванов и неговите другари коишто Револуционерната организација ја сметале повеќе како средство за постигнување на цели што малку имале врска со напорите на народот за извојување на автономна Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите негови другари, освен Орце, кој бил дежурен во визбата на бакалницата, седнале во близината до пристанишната кафеана за да му мавнат на Шатев за последен пат и да видат како ќе започне да се остварува нивното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мечев и неговите другари одговорија оти ништо не ни гарантира дека по првиот обид нема да бидеме фатени, дека немаме динамит и слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, случајот со судењето на Гарванов и на неговите другари, бил малку поинаков.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гарванов и неговите другари биле осудени, и два месеци потоа, во есента 1903 година, биле испратени на заточение199.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веднаш се поставува прашањето: Зошто се бараат предавниците на Гарванов и на неговите другари, а не и на оние над 2.000, повеќето непознати македонски маченици, што ги наполниле турските затвори?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во Солун тој нарочно поминал покрај берберницата на Пингов (полицаецот што го водел не го познавал градот) да не би случајно да го забележат неговите другари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Познавајќи ја неговата “скржавост“, неговите другари од Солун му напишале да купи нова облека и да се облече подобро и задолжително да патува со вагон од втора класа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако пак се случи да биде уапсен како сомнителен, тоа многу лесно можело да дојде до апсење и на некои од гемиџиите, како негови другари со кои тој се дружел а тоа можело да го доведе во опасност исполнувањето на главниот дел од планот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тука неговите другари го очекувале со нетрпеливост.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од друга страна, раководителите на Гемиџискиот кружок не им се доверувале на Гарванов и неговите другари, сметајќи ги дури за способни да го провалат нивното дело201.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)