негов (прид.) - доаѓа (имн.)

Мајка го сети неговото доаѓање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Очигледно поддржувачите на генералот Стојан се имаа амбицирано и мобилизирано достојно да го прослават јубилејот на неговото доаѓање на власт, па на ѕидот имаше еден куп текстови кои што го глорификуваа ликот и делото на таткото на нацијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Потоа следеше изјава на Зоран Илиевски – Зоц, Зоче, Зоро и така натаму, кој ломотеше три и пол минути за да ја постигне поентата според која Александар уште од неговото доаѓање во секретаријатот бил чуден, со никој не се дружел и често мирисал на ракија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Исто така, овој закон ги пропишува и времето и местото на вршењето на вознемирувањето и тоа под место се смета работното место на кое работникот работи, како и местото на кое тој е упатен да работи од страна на работодавачот, но може да се сметаат и местата низ кои минува работникот при неговото доаѓање или заминување од работното место.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ги заборави веселите средби по повод неговото доаѓање.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога се врати дома одеше со патерици, исто како чичко ни Александар (помладиот брат на татко ни) многу години пред тоа кога при едно негово доаѓање во Скопје од Германија настрада во сообраќајна несреќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кривошееви не се делеа освен со дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татјана никогаш не се трудеше доволно за да биде одличен ученик.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)