негов (прид.) - дедо (имн.)

Така зборувале нашите предци, ми велеше дедо, а затоа нему му раскажyвал неговиот дедо кој од својот дедо слушал и знаел. И поп Васил така велеше...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И тој ги поминуваше летата во куќата на неговиот дедо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Од гранката на старата слива се обидував да гледам кон спротивната страна на селото, каде што беше куќата на неговиот дедо и да го здогледам него како игра во неговото маало со другите деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Додека Изабел потекнуваше од просечно француско семејство, Бертран беше од старо аристократско семејство со долга традиција, а неговиот дедо бил гроф.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Како огнот во оџакот на селската куќа на неговиот дедо, која што како дете често ја посетуваше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Подготовките ги раководел Димитар Поп Георгиев Беровски, а учествувал и неговиот дедо поп Стојан.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според предвидениот план востанието требало да избувне во село Разловци и да ги зафати Радовиш, Берово, Петрич и други места.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Некој од најстарите, од најнабожните, се сети дека и од неговите дедовци, оние што пред две столетија донеле проказа Кукулино, бегале луѓето и пак тие станале светци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога дедо Иван се подготви да го каже најинтересното, она за страдањата на неговиот дедо в затвор и за времето на Уриетот, дојде Бојан, носеше кошничка и малечко грнче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како што кажуваш ти, неговиот дедо, па дури и вујко му, и животите ги дале за таа идеја. Нацистичката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Кој Онисифор, мајче, ако не ти е тешко да покажеш со пресветиот прст? - Овој, Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некогаш, во далечното детство, како што му се чинело на Лозан Перуника, неговиот дедо со благо лице на старински јунак го завиткувал во својот дебел и секогаш чист кожув, го држел на скут и го упатувал в живот преку прикаски во кои победувала храброста и чесноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Ќе замавне оддолу кон небото, човекот не се распорува поинаку.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седумте кадрави трубачи од Откровението на Новиот завет ѝ се кикотеле на земната беда скриени зад прв тежок и вистински пролетен облак што ветувал плисок од кој ќе се избатачи патот за утрешните маки на дваесет и деветмината или еден повеќе со дваесет двоколки и четириесет воденички камења до тој ден веќе прескапо платени...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со божји благослов. Неговите дедовци донеле прекуморска проказа во Кукулино и со својата рака ја сотреле болната челад. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш кога Капсула и јас се готвевме за ноќен лов, влезе некаков ѓавол во неговиот дедо - да оди и тој со нас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)