негов (прид.) - град (имн.)

- Шо вели? - Вели дека Детроит е негов град, дека таму е роден, дека таму има куќа и дека му живее фамилијата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Шо вели? - Вели дека градот што се гледа на кадрото е негов град и дека таму му е куќата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наместо да придонесе за развој на неговиот град тој дополнително го упропастува Скопје, а неговиот град станува пензионерски дом.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Штутгаржанинот се гордее со тоа што во неговиот град се наоѓа најдобриот балет во Германија и најпознат во Европа, по рускиот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако тие три дена дечко ми вешто ме изнашета во неговиот град, се вратив во Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во неговиот град никогаш не врнеше снег, како дете тој само го гледаше оддалеку на високите планински врвови околу Тарс, но вистински го запозна дури кога се најде овде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во неговиот град никогаш вистински не студеше и кога ќе дувнеше ветре, секогаш се чувствуваше мирисот на морето што беше оддалечено само неколку километри.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше штипјанец по потекло, а живееше во Риека, во трикатна куќа - највисоко, горе и од балконот, како од видиковец, се гледаше цела Опатија, Ловран и неговиот град како да се еден.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кожата ѝ беше бледа, градите полудетски и минијатурни, Александар претпоставуваше дека и очите кои не можеше да ѝ ги види се сини како небото во јунско утро над неговиот град.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Предлагам... предлагам“ развлекуваше Ивана - „Влатко да раскаже нешто, ете, да речам, за неговиот град, всушност за градот од каде што е дојден.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во кусите периоди во кои едни војски доаѓаа а другите си одеа од неговиот град, се обиде да ги среди нерасчистените сметки, особено оние што се однесуваа на обврските кон Организацијата, по чија што задача токму пред војните се врати од планината во родниот Штип.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)