Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше таква некоја ѓаволски празнична ноќ и се она, на што пред тоа мислеше, се згусна од облици и од бои и се измеша во епруветата на ноќта, се расплива, остави зад себе нејасна празнина и волчо завивање на неговата глад и неговата љубов.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа крв, како што верува со едно крајче на свеста но без страв и зачуденост, ќе потече низ неговите ноздри или низ устата полна со врел и застоен воздух, Пламените пци не го лижат со врелите јазици, Се собираат над него и ги забуцуваат усвитените муцки во неговата отворена утроба, се хранат со неговата глад, со неговата жед.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)