Татко слушајќи го Али Фети во мигот се почувствува горд што ја наследил приврзаноста кон идеите на Мустафа Кемал и на неговата генерација, но таа блискост имаше сосем друга генеза и карактер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На татковиот закоп дојдоа речиси сите пријатели од неговата генерација, останати во живот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ете така, и во неговата земја, кога младите мажи од неговата генерација почнаа да ги носат дома во лимени сандаци, тенковите почнаа да значат повеќе од зборовите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Одговорот не го знаеше ни сега, но кога ќе се сетеше на сè, му се чинеше дека неговата генерација ја помина оваа деценија во една постојана противречност – кажувајќи ги сите вистински нешта, а истовремено правејќи ги сите погрешни работи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Неговиот возрасен живот, ако може така да го нарече, се состоеше од редица акции (претежно надворешни), кои кај него и кај неговата генерација предизвикуваа редица реакции (претежно внатрешни).
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во интервјуто вели дека тој и неговата генерација на театарџии со став, бегале од театрите со кои управува државата затоа што тие биле инкубатори на посредни творци, всушност „културњаци“ кои се во заложништво на државата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Александар мислеше дека одамна се ослободил од тоа, ама мечот кој што на кратко му го пресече телото додека се поздравуваше со некрунисината мис тинејџер на неговата генерација го увери во спротивното.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Билјана, најубавата девојка во класот и неговата генерација.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кристијан Вајт од Ариевски Реге Бенд, Сони Мао за неговата генерација и последен шампион на расистичкот рок.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Скот Џејмс се закачува за еден дваесет и тригодишен магистранд на Стенфорд со магистратура по компјутерски науки, кој живеел во геј-студентска зграда на Стенфорд и кој веднаш откако магистрирал се преселил во маалото Кастро во Сан Франциско; колку повеќе друштвениот живот се врти околу суштествувањето како геј, тој толку повеќе инсистира на небитноста на суштествувањето како геј, исто како што тоа што се аутирал кога имал шеснаесет години било начисто „ненастан“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А Џејмс понатаму забележува, видливо задоволен, дека „И други од неговата генерација исто така, изгледа, не се толку опседнати со сексот, што се одразува во некои социјални медиуми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Општествено, тој трага по врска, не левтерни односи, и со мажи, главно, се запознава преку ‘пријатели на пријатели’... ‘Ме инспирираат геј-двојките што ги познавам и што сакаат да се венчаат’, рече“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите веќе не ги интересирал сексот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Грдан дипломира со највисок просек на оценки и сите од неговата генерација очекуваа факултетот да го задржи како асистент, но ниеден професор не го предложи него туку си одбра кадар од сопствените ментори, со кои освен научните си имаше и деловни врски.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Останав на маргините на палестинското прашање, но будно ја следев судбината на Јасер Арафат како владетел до неговиот трагичен крај, на пријателите од неговото опкружување, од неговата генерација кои беа и мои пријатели...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И новата земја што ја претставував во Франција, како десети дел од некогашната југословенска федерација, Република Македонија, природно не покажуваше интерес за комплицираното и за неа некоњуктурно палестинско прашање, макар што обете земји на некој начин се судруваа со слична судбина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На неговата генерација и на многумина други...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека ова го слушаше, Цветан Горски, живо си спомнуваше на маките на Игора Лозински и неговата генерација, кога во истиот период, во потрага по новите извори на енергија, го градеа Беломорскиот канал.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)