Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие за секој случај го известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска власт и ја прогласи Крушевската република.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во себе постојано ги слушаше неговите зборови во мигот на преселбата на неговиот гарнизон, илјада километри подалеку: „Ќе се вратам, љубов моја, ќе те земам за невеста!“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)