Впрочем, просудете самите! Александар Бошковиќ е човек кој подолго време не престојува во Македонија (докторирал Културна антропологија во Англија), но - можеби како некаква најава за негово враќање во нашата земја? - во Маргина е присутен со еден свој понов текст за „Мултикултуралноста”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
На прагот на Атеистичкиот музеј уште еднаш ми проблесна во сеќавањето татковата тајна за неговото враќање од Цариград во родната земја Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На кое заминување, на кое враќање од семејната историја се сеќаваат овие бранови: дали тоа беше Мајкиното заминување во Корча во 1940 година за време грчко-италијанските борби во Поградец, или татковото заминување во Цариград во 1919 година или неговото враќање во Албанија со кадиска диплома, или тоа ќе биде ова мое неизвесно враќање во 1979 година?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Зарем може да се заборави примерот на сеалбанскиот јунак во албанската историја Скендербеј, кој ќе биде победник во три војни објавени на Отоманската империја, по неговото враќање во старата христијанска вера, преобратен уште во детството, подоцна регрутиран во јаничарски војска.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Четириесет години Невена си остана невеста со заклучено срце во кое ја чуваше големата љубов кон кралскиот офицер, со негибната надеж и верба во неговото враќање.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Неговите искази беа со нагласок на фактот дека со неговото враќање во Југославија тој би бил изложен на антирежимски и натикомунистички третман. Ќе скапам по затвори, повторуваше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Беше природно да постои со нив природна, судбинска солидарност. Но тоа не беше случај.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И затоа повторно го одложував своето пишување за судбината на Арафат за Палестина, за неговото враќање во Рамалах. Судирите на Фатах со Хамас. Продолжувањето на војната.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Хуан Миро ги обожаваше и многу педантно ги собираше имагинатив ните и често драматични цртежи на својата ќерка Долорес, родена 1930. година.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Овој стил е одраз на неговото враќање кон детството, што кореспондира со фрлање поглед наназад и преиспитување на сопствениот живот непосредно пред смртта.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Затоа сите го очекувавме неговото враќање. Тој мораше да се врати.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Уште в мугри побратимот го мина куќниот праг, како да влегуваше во легенда, толку беше неизвесна можноста за неговото враќање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)