негов (прид.) - воденица (имн.)

Кога ги накладовме дрвата на кладата се сторија како некој голем стог сено ставен на земја, а пламенот се вишеше речиси до врвот на старата топола на Гелета Клетников под неговата воденица, тука над Полената; искрите, насмеа, чиниш дури откако ќе вивнеа до ѕвездите, некаде високо над ниско паднатите облаци.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Браќата се разговараат со дедот Петка, паѓаат пожелби за здравје и долг живот на новите сопружиици; „Ајде, Трајко, и на твоа глава побрго!“ — вели дедот Петко, ама гледа да ја наврати водата на неговата воденица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- И секој воденица, а? - Секој. Не можат мајкојдците да јурнат како на една воденица и да ја урнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нека ги земе ѓаволот шутрачишта, ќе рече Али-бег, а воденичарот Ариф Исмаил ќе ѝ удри клуч на неговата воденица, дочекал свој миг дотогаш незабележаниот Богоја Гулабарин; до него седеле на долга и грубо изделкана маса од едно оревово стебло Проказниковите приврзаници Пане Долгманов и Цветко Грнар и, озарени од внатрешна возбуда, со будалесто нишање на главата потврдувале дека е така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)