Неговиот воајеризам при пристапот кон филмот се манифестира на повеќе начини.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Набавувајќи прототипови на магнетофон и полароид, Ворхол беше неуморен во нивното користење.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Воајеризмот, фетишизмот и еротизмот кај Ворхол Ворхоловиот воајеризам најпрвин го поврзуваме со неговата лична пасивност која се пренесува во неговото творештво како одвоеност или оддалеченост од објектот („Сѐ уште луѓето ми значат... но толку би било полесно да не ми значат...“).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Неговиот воајеризам го обележува неспособноста за лично ангажирање („Забавно е со луѓето кои работат нешто...“), а појавната структура на неговите филмови е интерес кој не ја поминува површинската глазура („Не сакам да се мешам во туѓиот живот... не сакам да приоѓам премногу близу...“).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)