негов (прид.) - внук (имн.)

Дури во Второто српско, некаде околу 1930-та во Потковицата, од напролет до наесен, почна да се појавува неговиот внук, синот на неговиот најстар син, на Јанкула, Јован Јанкулов Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не се оствари надежта на еден на основоположниците на новата Република Турција Али Фети Беј Окјар, соучесник и пријател на Мустафа Кемал Ататурк од Воената гимназија во Битола, негов прв премиер и верен пријател до крајот на животот, Татко, неговиот внук, нов кадија и на шеријатот и на модерното европско право, да го започне искачувањето кон врвовите на новата владетелска хиерархија во нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа во некоја тепачка заради девојка загина неговиот внук од брат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ехе, на сите ќе им раскаже дека неговиот внук прв се искачил на Орелска Чука!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Осумдесет и некоја за Велигден Грците ги отворија границите за Егејците.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Преку сликите во спомените... му донесов едно шише метакса од неговиот внук од еден од браќата (дедо Тане кој често доаѓаше во Скопје) кој сакал да го убие на граница кога како партизани верувале дека одат во својата татковина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со потпрен тил на ѕидот плачел. - Сакаш ли да го убијам оној друг Онисифор, внуку?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Десната рака на неговиот внук била продолжена со скршениот дел на вилата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Фабриката беше дадена на јавен тендер, на којшто – преку новоформирана фирма, основана на име на неговиот внук, се пријави еден познат македонски капиталист – олигарх од Скопје со политички амбиции, кој е меѓу најбогатите луѓе кај нас (Т.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)