Сите консултирани во Бугарија биле свесни дека Братството немало никакви сили за да се бори против Организацијата, а со негово влегување во нејзините редови ќе може многу повеќе да придонесе за врховистичката кауза.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Законот содржи, сè на сè, десет члена. 2. По неговото влегување во сила, овој Закон, поради пререстриктивните услови и ди- скриминацијата кои ги воведе (имено, од околу 5.000 – 6.000 лица во иста ваква положба – за коишто, патем речено, имаше обезбедено парични средства со ребалансот на Буџетот на РМ за 2008 година, со него беа опфатени само околу 2.000!?) – тој беше оспорен пред Уставниот суд на РМ, преку рекордни девет различни претставки, од страна на повеќе лица-иницијатори, меѓу кои беа и дел од авторите на овој труд – Апасиев и Савески.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)