негов (прид.) - власт (имн.)

Под неговата власт народот не беше премногу среќен, но ниту несреќен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Затоа по десетина дена тој вооружа еден табур од педесетина сејмени и го испрати во Мариово со задача да го покори и да им ја наметне неговата власт и на тие дванаесет села од старо Мариово (Врпско, Жиово, Витолишта, Мелница, Полчишта, Сатока, Градешница, Пешта, Старавина, Будимирци, Гурунишча и Бѕовиќ).
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
XIII дел КАДИЈАТА му се израдува на извештајот од Аџи-Јанета, но за ваква голема акција од сите четири страни, едно што немаше доволно вооружена сила, и друго, едната страна на нападот не беше под негова власт.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Својата територија и власт ја проширил до Солун и Охрид по што и околните управници ја признале неговата власт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сегашноста почнува со маршот на генералот Стојан и откажувањето на претседателот од неговата власт...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)