негов (прид.) - влада (имн.)

Кога дојде тука, на крајот од минатата година, неговата влада веќе ги беше донела подготвителните прописи: значи, на 14 јули 1941 година го обезбеди Законот за еднократен данок на еврејските имоти што Константин З. го сметаше за добар пропис зашто само во Скопје им донесе богатство од 45 милиони лева, за жал еднократен прилив; потоа на 4 октомври Законот за забрана на вршење трговска и индустриска дејност на Евреите што не донесе ништо; на 1 ноември со најтешкиот пропис, Законот за заштита на нацијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како резултат на таквата активност од британска страна, во наредните месеци НОВ и ПО на Југославија ќе стекнат нови, не само војнички туку и дипломатски предности како кај владите на антихитлеровската коалиција така и на страниците на печатот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Американските и британските надежи дека ќе можат да повлијаат на настани за да се намали германскиот воен притисок врз Британија, завршиле без успех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најочигледна потврда за британската промена во поглед на настаните во Југославија претставува одржаниот говор на Черчил на 22 февруари 1944 година во Долниот дом, кога тој пред членовите на Парламентот многу пофално се изразил за НОВ и ПО на Југославија и за улогата на маршалот Тито, со потенцирање дека Британската влада ќе им помогне партизаните, но и дека кралот и неговата влада, кои нашле прибежиште во Велика Британија, не може да ги отфрлат и затоа ќе се настојува да се пронајде компромисно решение.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кралот и неговата влада, како и дел од командниот кадар, заминале за Каиро, а потоа нашле свое уточиште во Лондон, каде што останале до крајот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)