Од тоа што ќе му го приложат, човекот го избира она што е по негов вкус и веднаш потоа, а многупати можеби и пред тоа, она што евентуално би можело да му послужи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеби токму сега, од онаа страна на морето, Габриел Гарсија Маркес беснее оти пак се покапал лижејќи чоколаден сладолед или го гризе остатокот од ноктот на левиот показалец оти уводникот во Камбио воопшто не е по негов вкус, а ако ги навикнеш луѓето да читаат лоши уводници ќе ги навикнеш да читаат и лоши книги, лошотилак ќе им се пикне и во мислите што значи и во животот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Кога Дишан рече, „Секој збор што ти го кажувам е глупав и лажен, „со ова тој не само што се забавуваше туку предупредуваше на неговиот вкус за диверзивни тактики.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Толку работи наидуваат, си одат, а умот стои збунето пред нив; умот не е во состојба да ги сфати толкуте многу глупости во нашиов посрамен живот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но за жал малкумина се оние кои се спремни да ја запостават личната корист.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)