негов (прид.) - будење (имн.)

Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас останав во Татковата соба до неговото будење...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И одеднаш, а за него толку многу во вистинскиот миг; во оној највистинскиот и единствен миг од вишнеењето на ова негово будење, таа пукната сина шир пред неговиот поглед ја распараа неколку црвеникави штркнати, прачки, исто како да се распука нејзиниот свод.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Држејќи го за рака присуствуваше на неговото будење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)