негов (прид.) - брат (имн.)

Дома остана само помалото негово братче Мице.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Постариот син на вујко ми Вангел е крстен по неговиот брат Ѓорѓи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пармиџанино и неговите браќа по стил, во спротивност со виталното изобилие на Леонардо, уште на почетокот доаѓаат до крајот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Излегоа и неговите браќа, па и тие постапија така...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дури и во неговата родна земја, во која не му се приклони на фашизмот, во периодот на сталинизмот, сакаа да му организираат заседа, односно стапица, откако го ликвидираа неговиот брат, поради англиската врска, да го судат и него поради антисталинизам, поради ревизионизам и што ли сѐ не беа спремни да измислат, во еуфоријата на големите ликвидации, во таа бесна синдромска фаза на саможртвување и на самоуништување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Овој плати за Караман!“ - мислеше. „Не стигнал далеку, а сигурно и неговите браќа му помогнале да го заврши животот. Го распарчиле некаде во коријата.“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Френк ги забележуваше малите нешта, на кои неговиот брат, поради расеаноста, забораваше да им обрне внимание.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Без никакви формалности, обраќајќи им се на Даниел и на неговиот брат, кои го ѕидаа внатрешниот ѕид, таа директно ги замоли да ѝ ги заѕидаат нејзините добри мисли во тулите на таа куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таткото на неговата мајка бил сликар, неговата мајка исто така. Обата негови брата, Гастон (1875) и Рејмон (1876), се откажале од студиите по право и медицина и се посветиле на сликарството.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овој пат „Маргина“ Ќе се обиде што повеЌе да го осветли токму животот на Дишан. Првиот текст е пренесен од германскиот часопис Art, а вториот текст е понов, по повод минатогодишната ретроспектива на Дишан во Венеција, и објавен е во Art in America.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога разбрануваната маса во Ефес конечно се смири, не заради верата во Бога, туку заради стравот од Рим, повторно, по којзнае кој пат омален со духот од тага поради тесната врата кон Спасението, која слепоста на неговите браќа ја заклучуваше и ја замандалуваше со своите идоли од злато и од сребро наместо да ја отвора со својата љубов, тој повторно замина за Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа, смирен во својата тага поради нивното неразбирање, се помоли пред Агрипа (чие срце исто така омекна побргу од срцата на неговите браќа) сите да станат такви како него, Павле, не робови на својата суета, туку слободни во својата вера, слободни по дух, без окови на рацете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сето време тој чувствуваше дека е и право, и разбирливо, она, за што живееше неговиот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Та тоа беше навистина неговиот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Празнуваше од тоа, беше среќен, што таа вистина, која сега веќе беше и негова, има и такви апостоли, како што беше неговиот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите тие селани вечерта добро го разбираа зборувањето на неговиот Брат, тоа ги тераше да се ломат во себе, но, како за несреќа, таа вечер ниеден не се призапиша во задругата; се разотидоа пак молчејќи по сокаците, а Змејко го зеде својот Брат кај себе, го одведе дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, тоа беше оној негов Брат. Она момче, мислеше, а после и оној човек.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ги испрати двајцата, но остана сам, ако не се сметаат семејствата на неговите братчиња и сестрички, кои го најдоа патот по различни држави во светот. 20 години го слушавте неговиот глас на Македонското радио, во една смешна емисија за иселениците Македонци во светот, а беше уредник и во весникот „Македонски иселеник“. Мојот брат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во истиот миг стана и тој, го досигна одликувањето од перничето и застана пред Софронија; пред да му го обеси одликувањето на гуша, му соопшти, не без искрено сочувство, дека неговиот брат носителот на спахиската титула, Георгие Акиноски - Алах да му ја направи миризлива земјата - загинал во бојот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А неговиот брат, овој шо беше богатиов, бидејќи бил многу завидлив, откако овој почнал вака, оти се збогатил така речено, му одит секоја вечер каде него и само му поставуват прашања: - Како напрај ти, шо напрај с' ова работа, откај се збогати оволку, откај ти се овие пари? - го прашуват него.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Удри неколку лајка и на новите фотки на фан страничката на неговиот брат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Гледањето на епизодата„ А што правеа славните оваа седмица?“ во каде што гостин е неговиот брат беше неговиот омилен начин на безделничење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Една година откако се вселија во него, прво се роди неговиот брат Мартин, а по четири години Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ниту еднаш во животот тој не обрнал внимание што се одигрува и што се случува секој ден на улица, на што, како што е познато, секогаш ќе погледне токму неговиот брат, младиот чиновник, раширувајќи ја до таа мера проникливоста на својот немирен поглед, што ќе забележи дури и кога некому, од другата страна на тротоарот, му се подраспарале панталоните,  што секогаш предизвикува подмолна насмевка на неговото лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зевсовата Пандора, создадена од иловица со душа на магиски ветришта го отвора ковчегот на Прометеј како жена на бог на негов брат и ги пушта меѓу луѓето злите духови - тегобноста, слабоста, лудилото, страста и порокот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакаше да провери, не верувајќи му на Мануша и ја сочека онаа девојка што го пријави еднаш кај неговиот брат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тоа непрекинато мачење, со мислите за Јана се мешаа и мислите за неговиот брат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Разменивме неколку збора. Сега судбината ме донесе пред неговиот брат, во друга, обврзна функција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорот Диздаревиќ ми остана во сеќавање по својата тивка но продорна моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сетив на претходната средба, во истиот кабинет, пред заминувањето, пред точно четири години со тогашниот сојузен министер за надворешни работи Раиф Диздаревиќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со неговиот брат, амбасадорот Нијаз Диздаревиќ се бев сретнал пред многу години, кога мојот некогашен професор и пријател Паскал Сотировски, ѕвездогледец и добротворец од редок ков, ме одведе со себе на прием во резиденцијата на југословенската амбасада во палата кај Паси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Или го направи за ќајата Неби-ага, за тој да види со кого има работа, или пак за неговиот брат дервишот Керим, или за церибашата Осман-ага, негов брат од чичко - сите да се саштисаат и да речат „аферим”?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А. ПАВЛОВНА: Мешаев велеше, дека можеби ќе дојде неговиот брат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ама издржа... – Но сега се на удар неговите браќа, нивните семејства!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој никогаш не сакаше да замине, ниту ние да зами­не­ме одовде, макар што повеќето негови браќа и сестри заминаа во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
– Ќе биде добро и тој да учи за професија која го заобиколува затворот, како и неговите браќа – рече со сериозен глас Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега во стаклата на неговите очи се огледува неговиот брат гавран.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите негови браќа и сестри заминаа кон Цариград уште во времето кога Отоманската империја се држеше добро.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Заминаа првин неговите браќа и сестри а потоа и останатите блиски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Му се обратил на директорот на издавачкото претпријатие да интервенира кај неговиот брат во Внатрешни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа беше неговото семејство -- мајка му, татко му и неговиот брат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се разјасни дека паднатото девојче што пискаше и кое доста се беше удрило, го турнало неговото братче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но, камерата не го прикажува оној што се препна, што падна на средината од патеката, а кој пред трката важеше за еден од фаворитите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, веќе имаше по десет кога го создаваше „Волшебниот брег“, шеесет „Јосиф и неговите браќа“, а „Доктор Фаустус“ го почна на седумдесет години.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само оние кои некогаш биле деца можат да појаснат зошто денес јас не го чувствувам дождот: таа светлина во мене не доаѓа од сонцето туку: од неговиот брат - добата која одминува. * -- * Вилијам Карлос Вилијамс:„Жолтиот оџак“.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
На моменти, јас помислив на Малиот Палчо и на неговите браќа од прикаската на Перо, но и на други, подраматични, наликувајќи ми како на внесување на хорот од античката трагедија во детскиот универзум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не можејќи да го занемарат тој факт, Амбасадата во Атина сугерирала дека било многу тешко да се изврши "трансферот на македонските Словени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Следувал многу логичниот заклучок дека "односното население не е отсечено од неговите 'браќа' надвор од значителното грчко население во источна Македонија, туку обединето со него преку природниот пат низ битолскиот теснец и отсечено само со државната граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што Татко не остана во Цариград, на Исток, така и неговиот брат не остана во Лондон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но тој, ете, дури тогаш сфатив јас, тој навистина бил чен на сектата „Паскал и неговите браќа“, како што често има обичај да му префрли мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Молбата му била задоволена, но Наум, во знак на “благодарност“ му раскажал на Стефан дека Марко - “бакалот“ на дуќанот од кој бил ископан каналот до темелите на Банката, бил скриен во куќата на неговиот брат, служител во Егзархиската гимназија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Треба да се забележи дека Наум живеел во истиот дом заедно со Марко и со неговиот брат Христо!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој и неговите браќа имаат продавница за килими, а кој ги ткаел?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)