негов (прид.) - болка (имн.)

Не може да најде зборови за да јa скроти и ублажи неговата болка и страдање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пригушнат до гробот, тој молчи и чиниш во молчењето сака да ја најде душата на Ѓорѓевица за да ѝ каже колку му е тешко без неа, колку е несреќен во осамата и колку голема е неговата болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мое беше дали ќе го прифатам таков или не, човек оптеретен со минатото, смртта на неговата жена, неговата болка, ама и отворениот и искрен пристап кон мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Од онаа вечер, кога седевме на клупата и тој прозборе за неговата болка, многу често ми зборуваше за неговото минато... за неговиот поранешен живот...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го напуштив Балканот во времето на југословенските братоубиствени војни, но го носев со себе делот од неговите болки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зар не гледаш оти од мене извира и шурка тенка нишка подадена од Бога, која Тој ја испраќа само на избраните, кои носта иста болка, како неговата болка кон Идинородниот син - Јагнето Божјо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Колкава била неговата болка, која низ дрочните води од подземните стерни на Деринкују не можеле да ја стишат и исцелат?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ ќе чуеш... Многупати човечката фантазија е поголема од неговата болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„А понекогаш нема никаква проклета брава што треба да се отклуча”, упорно тврдеше Џоен Полард, додека срцето се стегаше поради неговата болка, „туку тоа е само бесмислено клуче што критичарот го закачува на својата нараквица со амајлии.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некој веднаш ќе побрза да ме обвини дека суетата ја сметав за извор на неговата болка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ние сме кловнови ако сметаме дека можеме да ја зголемиме неговата болка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не, јас навистина тврдам дека неговата несреќа воопшто не беше крик на повредена суета. (Мислам дека и премногу се манипулира со суетноста на уметниците и со горчините што нејзиното неконтролирано разлевање ги создава).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој е дефинитивно мртов - се враќав на себеси, уверен дека Катерина веќе навлегла во суштината на моите размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакав да му ги оттргнам мислите од таа борба, но знаев дека противречењето не е лек за неговата болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа покажав на сенката која едно дрво на кејот ја фрлаше во водата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Втората негова болка е онаа, кон државата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)