Од оваа невообичаена преписка на православниот високосвештеник и централната команда во Берлин, Беренц и Лит беа наполно збунети. Останаа да исчекуваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа состојба потраја целата наредна година и повлекувањето, потоем и капитулацијата на Германија значеше конечен пад на каменот од срцата на митрополитот, на градоначалникот, на 275-те Евреи и на нивните смели домаќини од внатрешноста на Закинтос. Кога три години подоцна беше формирана новата израелска држава, еврејските семејства од Закинтос заминаа за Израел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)